1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Mazedonien Obdachlosigkeit
Фотографија: DW/K. Delimitov

Се повеќе бездомници во екот на пандемијата

ДТЗ
30 декември 2021

Изминативе три години бројката рапидно се зголемува. Околу 160 лица неделно се згрижуваат во Пунктот за бездомници во Момин поток.

https://p.dw.com/p/44zdQ

Расте бројот на бездомници во Северна Македонија во екот на пандемијата со Ковид-19. Ако пред три години бројката на оние кои што барале помош во Пунктот за бездомници во Момин поток се движела околу стотина лица неделно, од почетокот на пандемијата околу 160 граѓани коишто немаат покрив над главата се редовни посетители на пунктот на Црвениот крст. 

„Можам со сигурност да кажам дека изминатите три години за 50 проценти се зголеми бројката на бездомниците, а тоа е резултат на ковид ситуацијата“, вели Драгана Лазаревска, координаторка на Пунктот за бездомници на Црвен крст

По повод новогодишните празници, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, лоциран во Момин поток, традиционално, на бездомните лица им се доделуваат хуманитарни пакети со топла облека и храна.

Ковид-19 ги намножи бездомниците во Скопје

Пунктот за бездомници содржи стационарен дел кој што веќе 11 години е место кое што се згрижува оваа ранлива група каде што при екстремно ниските температури е отворено 24 часа и ја дава максималната поддршка. При екстремно ниските температури од декември до март, мобилниот тим кој помага на оваа ранлива категорија, е постојано на терен за да ги лоцираат бездомниците. Тие им набавуваат ќебиња, топли напитоци, витамини вреќи за спиење, оброк, медикаменти. Тимовите излегуваат на терен и по дојава на совесни граѓани.

Пунктот за бездомници на неделна основа опслужува 150 до 160 лица. Бројката  хронолошки се зголемува од година во година. Во 2008 година кога се отворил пунктот имало само десетина бездомници. Во 2012 година, бројката е зголемена на 50, за во 2017 година помош да им биде понудена на стотина бездомници.  „По појавата на пандемијата во 2019 оваа бројка порасна на 150“, вели Лазаревска.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Рација против група која планирала државен удар во Германија

Рација во Германија: Планиран државен удар

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница