1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Отворен првиот порно-караоке бар во Германија

БГ
24 јули 2019

Не е потребно да пеете во најновиот караоке бар во Хамбург- но стенкањето е предуслов. „Порно караоке барот“ во фамозниот Сент Паули на гостите им дава можност да стенкаат со звуците на омилените порно филмови.

https://p.dw.com/p/3Me1v
Deutschland Eröffnung der Porno Karaoke Bar in Hamburg
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress/C. Tamcke

Ноќниот живот во Хамбург деновиве доби нова „содржина“ со отворањето на првиот бар во Германија посветен на „порно караоке“. Пеењето не е неопходен квалитет во барот кој свечено го отвори германската транссексуална кралица Оливија Џонс.
Наместо пеење, гостите се поканети да излезат на сцената и да стенкаат со звуците на најпознатите сцени од порно филмовите од 1970-те и 1980-те години кои се проектираат во позадината без звук. Во моментов, на гостите им стојат на располагање сцени од околу 30 филмови.
„Позабавно е одошто очекував“, изјави Џонс за весникот Хамбургер Абендблат.
„На почетокот, луѓето се резервирани и не се осмелуваат да пробаат, но во меѓувреме забележавме дека едвај спасуваме жива глава од гостите кои скокаат на сцената“, вели таа.

G20-Kunst in Hamburg
Улицата на „црвените фенери“ во ХамбургФотографија: DW/A. Drechsel

Загревање

За оние на кои им е потребно загревање пред настапот, барот им нуди „предигра“ во која шоуменот Лекс Дилдо, кој има улога на церемонијал мајстор, стенка во звуците на познати нумери и ги тера гостите да погодат за која песна се работи.
„Не би сакала да издвојувам полови, но нема да верувате колку големи мажи не се во состојба да настапуваат кога ќе се качат на сцената“, вели Џонс.
Таа е една од најпознатите германски транссексуални шоумени и поседува повеќе барови и клубови во квартот Сент Паули во Хамбург каде се наоѓа и познатиот Репербан со своите ноќни клубови, секс-шопови и бордели.
Во 2010 година, Џонс го отвори првиот европски стриптиз бар во кој настапуваа само мажи- а влезот им е дозволен само на жени.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема