Осум жртви во нападот во Минхен, напаѓачите во бегство | Свет | DW | 22.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осум жртви во нападот во Минхен, напаѓачите во бегство

Најмалку осум мртви и повеќемина повредени во напад кој се случи во трговскиот центар во северно предградие на Минхен. Тројца напаѓачи вооружени со пушки се во бегство

Полицијата вели дека засега нема индиции оти се работи за напад со исламистичка позадина. Еден од напаѓачите, снимен со аматерска камера пред да почне да пука во луѓето, на глас вели дека е Германец роден во Германија. Полицијата засега не може да ги потврди информациите дека еден од напаѓачите се самоубил.

Deutschland Videostandbild von Kunden des Einkaufszentrums während der Schießerei

Евакуација на луѓе од Трговскиот центар кој беше цел на напад.


Портпаролот Маркус Мартинс изјави дека тројца осомничени напаѓачи вооружени со пушки се во бегство и полицијата трага по нив. Владини извори велат дека можат да потврдат со сигурност само еден напаѓач.
Нападот се третира како „можен тероризам“. Од граѓаните се бара да останат во своите домови додека трае потрагата.

Deutschland Videostandbild von Polizisten während der Schießerei in München

Полицајците во потрага по напаѓачите


Во Минхен е прогласена вонредна состојба и терористичка опасност. Евакуирана е главната железничка станица, а метро и автобускиот превоз е во прекин.
Германската влада заседава на вонредна седница, а министерот за внатрешни работи го прекина годишниот одмор и се врати во земјата.

Deutschland Polizifahrzuge stehen am Einkaufszentrum

Трговскиот центар Олимпија во Минхен.


Американскиот и францускиот претседател Барак Обама и Франсоа Оланд понудија помош за справување со состојбата.

Минатата недела, малолетен напаѓач во воз кај Вирцбург нападна патници со секира. „Исламската држава“ подоцна соопшти дека напаѓачот бил нејзин член.

Реклама