1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Осомничен за убиството на Маринова уапсен во Германија

ЖА / агенции
10 октомври 2018

Во врска со убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, доцна синоќа е уапсено осомничено лице во Германија. Претходно уапсениот осомничен маж во Бугарија е пуштен на слобода.

https://p.dw.com/p/36GGI
Bulgarien Gedenken Viktoria Marinowa in Russe
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Dilkoff

Бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов денеска во Софија ја потврди информацијата според која доцна синоќа во Германија е уапсено лице кое побегнало од Бугарија и се сомничи за убиство на новинарката Викторија Маринова.

„Располагаме со доволно докази кои притвореното лице го доведуваат во врска со местото на злосторството и жртвата“, рече Маринов. Осомничениот Северин К. роден во 1977 година, во Германија е уапсен на барање на бугарските власти.

Според изјава на бугарскиот државен обвинител, Сотир Цацаров, досегашните сознанија од истрагата не укажуваат на поврзаност на убиството со работата на 30-годишната новинарка:

„Доказите со кои располагаме укажуваат на спонтан напад заради сексуално злоупотребување на жртвата. Сепак, ние продолжуваме да истражуваме во сите насоки.“

Цацаров изјави дека притворениот Северин К. веќе бил во конфликт со законот и по него постоела потерница поради убиство и силување. 

Повеќе: 

Уапсен осомничен за убиството на бугарската новинарка

Убиството на Маринова- политички мотивирано дело?

Телото на 30-годишната новинарка беше најдено во саботата во бугарскиот град Русе. Таа била силувана, а починала од последици на удари во главата и задушување.

Претходно вчера во Бугарија веќе беше уапсено едно лице во врска со убиството на Маринова, но по неколку часа беше пуштено на слобода. 

Телевизиската новинарка била вработена во приватната локална телевизија ТВН, која на 30. септември емитувала нејзини две интервјуа со истражувачки новинари. Во емисијата модерирана од Маринова, двајцата новинари зборувале за својата истражувачка работа поврзана со проневера на пари од ЕУ-фондовите од страна на бугарски бизнисмени и политичари.