Ослободувањето на Јуџел - лажен сигнал за прекин на алармот | Свет | DW | 17.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ослободувањето на Јуџел - лажен сигнал за прекин на алармот

Покрај сета радост за ослободувањето на Денис Јуџел, не смееме да заборавиме - преку сто новинари уште се во затворите во Турција, коментира главниот уредник на ДВ, Инес Пол.

Го познавам Денис одамна, шест години речиси секојдневно работев со него, тој е извонреден, бестрашен и вистински оригинален новинар. Знае да пишува речиси поетично, но и како да предизвика и задржи внимание.

Способност која ја имаат и бројни негови пријатели, кои не престанаа да организираат солидарни концерти, автомобилски корза низ цела земја, хаштагот  #freeDeniz  беше сѐприсутен. Силата на јавното инсценирање беше дополнителна причина германската политика да не попушти во својата одговорност. До последен момент до ослободувањето очигледно се преговарало на нијвисоко политичко ниво. Никој не ја знае заднината на дилот.  Денис Јуџел по една година и два дена конечно беше пуштен од затвор.  Кога чув, не можев да ги задржам солзите.

Без хепи енд?

Многумина сигурно беа трогнати по првите слики на кои Денис под сино небо ја прегрна својата сопруга. Болката му беше вкопана во лицето. Дали е ова хепи енд?

Не вистински. При целата радост и олеснување поради неговото ослободување, едно не смееме да заборавиме: Денис е само еден од преку 100 новинари во затвор во Турција.

Ines Pohl Kommentarbild App (DW/P. Böll)

Инес Пол

Оној кој се надева дека турскиот претседател Ердоган со ова ослободување отвора нова ера на политика на олабавување, се лаже. Само што стигна веста за ослободувањето на Денис Јуџел, судиите на Ердоган донесоа пресуди за затворање на шест други новинари, доживотен затвор.

За дипломатските можности на германската влада, тоа што не станува збор за германски државјани, игра важна улога. Но, за цивилното општество не треба да биде на прво место.

Трогателно, а можеби и изненадувачки беше масовноста на ангажманот за ослободување на Денис. Но, со неговото излегување од затвор, борбата не смее да запре. Во цел свет во затвор се преку 300 новинари, изложени делумно на мачења, од причина што се залагале за слобода на печатот.  

Сѐ додека и еден единствен новинар е ставен зад решетки поради својата критичка работа, не треба да престанеме да предупредуваме, да бараме од политиката да се ангажира и да се бориме за ослободување. Сосем сум сигурна: тоа е она што и Денис го посакува.

 

DW.COM

Реклама