Општина Тетово: Ние не сме надлежни за модуларната болница, туку Министерство за здравство | Северна Македонија | DW | 21.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Општина Тетово: Ние не сме надлежни за модуларната болница, туку Министерство за здравство

Од тетовската општина тврдат дека тие немале никаква надлежност во врска со модуларната болница за ковид-пациенти. Ја префрлаат одговорноста врз Министерството за здравство

Тетово Пожар Болница

Остатоци од модуларната болница во Тетово по пожарот во кој загинаа 14 луѓе

Сите надлежности, како за тетовската модуларна болница, така и за сите други низ државата, се во рацете на Министерството за здравство, тврдат од Општина Тетово откако ДВ објави документ од проектот во кој одговорноста и надлежноста е лоцирана во Општината како и во раководството на тетовската болница.

Од Општина Тетово тврдат дека тие немале надлежност ни за противпожарната заштита во ковид-центарот, ниту пак за водоводот и канализацијата во него. Сето било надлежност на централните власти и на изведувачот. Објаснувањето е дека модуларната болница била објект од прва категорија за која, согласно посебниот закон за нејзина изградба, инспекцискиот надзор требало да го врши „Државен инспекторат врз основа на Член 128 став (2) од Закон за градење". 

Теута Арифи

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи

„Комуналните инспектори немаат надлежност да вршат контроли врз посебни објекти и градби од прва категорија. Системите за безбедност и за гасење на пожар и контролата на нивната функционалност се исто така под надлежност на Министерството за здравство и на други институции од централно ниво“, пишуваат во реакцијата од Општина Тетово и дополнуваат:

„Во однос на инсталациите за водовод и канализација ве известуваме дека истите биле во надлежност за градење од страна на изведувачот, а општината извршила само приклучок на истите." 

Што велат документите?  

Документот кој веќе го објави ДВ кажува поинаква приказна.

Тетово Болница Пожар

Факсимил од Планот за менаџмент на модуларната болница во Тетово

Во него, јасно се дефинирани обврските на централната, но и на локалната власт, како и на раководството на тетовската болница. Конкретно, уште во подготвителната фаза се предвидува присуство на супервизор од општина Тетово со задача да се грижи за безбедно работење на објектот и проверка на дозволите. Во фазата на градба- контроли од општински инспектори за градба и животна средина, надзор од општински инспектори во делот на прашината, отпадот, заштитата на животната средина, отровен отпад, сигурносни мерки за спречување инциденти при транспорт и менаџирањето со материјали, итн.

Во оперативната фаза, т.е. од моментот кога изградбата на објектот ќе биде завршена, надлежноста е целосно во рацете на општината и раководниот кадар во болницата. 
Имено, во делот План за регуларно одржување на инсталациите (вода, одводна мрежа, струја, греење) во болницата како надлежни се наведени: претставници на општина Тетово, директорот на болницата во Тетово, Комунален инспектор и одговорно лице во болницата).

Тетово Пожар Болница

Факсимил од Планот за менаџирање на ковид-болницата во Тетово

Во следната ставка, Подготовка на План за заштита од пожар и имплементација на заштитни мерки како надлежни се наведуваат: директорот на болницата во Тетово и одговорно лице во болницата); и во третата ставка од оперативниот план која носи наслов Подготовка на план за менаџирање на отпад и контрола на зарази надлежни се претставници на општина Тетово, директорот на болницата во Тетово, комунален инспектор и одговорно лице во болницата.  

-повеќе на темата: За тетовскиот ковид-центар надлежни биле општината и директорот на болницата

Дополнително, документот покажува дека директорот на тетовската болница Флорин Бесими фигурира како изведувач, како надлежен за локалниот надзор, како и за локалниот инспекциски надзор. Бесими, кој повеќе од 11 години беше в.д. директор на Тетовската болница, во меѓувреме понуди оставка. Оставка поднесе и економскиот директор Артан Етеми- чие име воопшто не се споменува во документацијата за проектот.

И во останатите 16 модуларни болници низ земјата кои беа градени во екот на пандемијата, исто како и во Тетово, надлежноста и обврските во оперативната фаза им е пренесена на директорите на локалните болници и на општинските власти.

Гледај видео 05:58

Сведоштво за хаосот во тетовскиот ковид-центар

DW.COM

Поврзана содржина