Опасност од војна и нови граници на Балканот | Свет | DW | 08.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опасност од војна и нови граници на Балканот

Во Косово, Босна и Србија повторно се шири страв од војна. Повторно на маса се барања за нови граници, тема која е табу за САД и ЕУ, анализира денеска германската агенција ДПА.

Во анализата со драматичен наслов „Опасност од војна и нови граници на Балканот“, авторот Томас Бреј пишува:

„Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ зборува за тоа, исто како и српскиот член на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ. Односите меѓу државите наследнички на Југославија се толку лоши какви што не биле повеќе од две децении. Во последните недели многу политичари повторно зборуваат за опасност од војна. Српскиот претседател Томислав Николиќ има намера во случај да е така лично да застане на чело на армијата во Косово, затоа што таму наводно Албанците планираат војна против српското малцинство. И поради тоа што насекаде во овие југоисточноевропски држави националните малцинства се незадоволни, повторно кружат размислувања за промени на границите.

Целата ситуација ја наелектризира еден текст во американското стручно списание 'Foreign Affairs' на крајот на минатата година. Во него поранешниот британски дипломат Тимоти Лес ја прогласува за пропадната политиката на Вашингтон и на ЕУ за помирување и зачувување на мултиетнички држави. Само промени на границите би можеле да ги спречат инаку неизбежните вооружени конфликти, смета тој. На иста линија е и некогашниот припадник на француските тајни служби Пјер-Анри Бунел, кој проблемите во регионот ги опишува како 'типичен пример на замрзнати конфликти'. Во белградскиот магазин 'Недељник' свои оценки изнесува поранешниот експерт на ЦИА за Балканот, Стивен Мајер. Тој предлага размена на територии како решение на проблемот на Косово, кој досега важи како несовладлив. Северот со своето локално српско мнозинство би требало да се припои кон Република Србија, додека српското малцинство во останатиот дел на Косово би требало да може да се пресели со помош на ОН. За возврат, смета тој, Србија би морала да ја признае независноста на својата поранешна покраина.

Karte Raska in Serbien nahe der Grenze zu Kosovo Englisch (DW)

Во таков случај лидерот на Албанците во јужна Србија, Јонус Муслиу, сака да го приклучи кон соседно Косово регионот на Прешево и Бујановац, каде неговите сонародници регионално се во мнозинство. Вакви размислувања поттикнуваат и политичари од Република Албанија. Поранешниот долгогодишен албански премиер Сали Бериша во парламентот во Тирана во таков случај бара обединување на Косово со 'мајката' Албанија.

И додека размената на територии околу Косово се чини теоретски можна, проблемите во Босна и Херцеговина се значително покомпликувани. Тука Србите во својата денес речиси сосема самостојна половина од земјата со години стремат кон отцепување од заедничката држава, во која тесно во мнозинство се Бошњаците муслимани. Католичките Хрвати, кои со 15% ја сочинуваат намалата етничка група, веќе сега се повеќе поврзани со најмладата членка на ЕУ - Хрватска, отколку со босанскиот главен град Сараево. Само мал број политичари, како поранешниот српски реформски политичар Жарко Кораќ, предупредуваат на опасноста од ново прекројување на границите. Со оглед на социјалната мизерија и масовното иселување на младите и добро образовани луѓе, тој во најновото издание на магазинот НИН го упатува овој апел: 'Сакаш да водиш војна (за Голема Србија) и да загинеш или да ги прифатиш постоечките граници и да се бориш Србија некогаш да стане место за живеење?'“

DW.COM

Реклама