1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Berlin Hauptbahnhof Ankunft Flüchtlinge aus Ukraine
Фотографија: Nikita Jolkver/DW

Опасност за Украинките во Германија

Оливер Пипер
12 март 2022

Германија несебично ги прифаќа украинските бегалци и им помага. Но, постојат и индикации дека трговците со луѓе се обидуваат да ја искористат ситуацијата во која се наоѓаат жените и младите кои сами избегаа во Германија.

https://p.dw.com/p/48Mgj

55-годишен маж им нуди на млади жени од Украина да ги однесе до Хамбург - на полицијата веќе и е познат поради сексуален напад. Двајца пријатели, на возраст од 29 и 21 година, се насочени кон жени кои патуваат сами или со деца. Двајца мажи, на возраст од 50 и 53 години, одат на местата каде што пристигнуваат бегалците и им нудат пари на младите жени - ако појдат со нив дома. 

„За жал, има луѓе кои сакаат да го искористат очајот и тешката состојба на бегалците. Тие се упадливи, па лесно се забележани од волонтери кои им помагаат на бегалците и нашите припадници на федералната полиција. Има десетици вакви случаи, но досега немаме регистрирано кривично дело“, вели портпаролот на федералната полиција во изјава за ДВ. 

Низ Германија се шири огромен бран на солидарност и подготвеност да им се помогне на украинските бегалци. Но, со повеќе од 80.000 луѓе кои досега пристигнале во Германија, трговците со луѓе ја гледаат својата шанса. Секојдневниот хаос на главната железничка станица во Берлин им нуди речиси совршена можност да ги вознемируваат жените. 

Штотуку имавме една вознемирена Украинка на која што и се случи тоа. На некои луѓе им беше забрането да доаѓаат во станицата. Голем број луѓе доаѓаат со чесни намери, навистина сакаат да помогнат, а од друга страна има луѓе кои сакаат да ја искористат оваа хаотична ситуација“, изјави претставник на федералната полиција. 

Регистрација и информации 

Доброволните помагачи велат дека ги следеле луѓето за кои се сомневале дека се трговци со луѓе додека не се откажале од обидот да им пријдат на жените. Полицијата реагираше и објави предупредувања на социјалните мрежи, на украински, руски и англиски јазик.

Berlin Hauptbahnhof | Lebensmittel für Ukraine-Flüchtlinge
Главната железничка станица во БерлинФотографија: Jörg Carstensen/picture alliance

На утринските состаноци во станицата, волонтерите се предупредуваат на оваа опасност. Но, дали е тоа доволно за да се заштитат жените и младите кои доаѓаат од Украина?

„Би било подобро да се регистрираат оние кои сакаат да примат Украинка или семејство“, вели Моника Чисек-Еванс. Ниту на жените не треба слепо да им се верува“.

Овој социјален педагог пред повеќе од 20 години го основал советувалиштето Јадвига во Минхен, наменето за жртви на трговија со луѓе. Чисек-Еванс и нејзиниот тим моментално работат на леток на украински јазик, кој ќе биде дистрибуиран меѓу станиците во наредните денови. 

Deutschland | Hilfe für ukrainische Flüchtlinge in Berlin
Железничка станица во БерлинФотографија: Monika Stefanek/DW

„Во него се советува: не давајте никому пасош; телефон секогаш нека биде со вас; фотографирајте ја регистарската табличка на автомобилот пред да влезете во него; побарајте од лицето кое ви нуди стан или соба да ви ја покаже личната карта; запишете име и адреса; бидете внимателни ако некој ви вети многу пари набрзина“. 

Германија, борделот на Европа 

Ако некој може да објасни како жените брзо можат да паднат во вртлогот на присилната проституција - тогаш тоа е Хушке Мау (псевдоним). Авторката и активистката и самата десет години работела како проститутка и напишала автобиографија  со наслов: „Одземање на човечкото достоинство - зошто треба да ја укинеме проституцијата?

Huschke Mau
Хушке МауФотографија: Michael Philipp Bader

„Во оваа земја секој ден 1,2 милиони мажи одат кај проститутки. Во рамките на ЕУ, Германија е цел број еден за трговија со луѓе. Ние сме јавна куќа во Европа, тоа би требало да ни биде непријатно. И бидејќи пазарот и побарувачката се толку големи, трговците со луѓе и макроата им се обраќаат на Украинките веднаш по пристигнувањето, бидејќи знаат дека можат да заработат многу пари на бегалците“.

На Твитер, во таканаречените форуми за корисници на сексуални услуги, веќе може да се најдат пораки од Германците за нови „украински курви“ во нивниот омилен бордел и фантазии за силување на украински „сексуални робинки“.

Хушке Мау стравува дека многу жени и девојки кои патуваат сами по страшното искуство со војната - во Германија се соочуваат со следната траума.

„Еден волонтер ми кажа дека една Украинка не се ни осмелувала да испие нешто на станицата, плашејќи се дека во пијалокот може да има некој опијат и дека може да заврши во бордел. Наскоро ќе видиме дека борделите ќе бидат полни со Украинки, а тоа е срамота. Многу луѓе веројатно навистина сакаат да помогнат, но кога Украинките ќе дојдат овде, најпрво треба да видат во секој маж потенцијален корисник на услуги за проституција“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Апасиев, лидер на Левица

Колку многу агенти

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница