1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nord Mazedonien Corona Impfung in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Започнува вакцинацијата со четврта доза за Ковид-19

ДТЗ
6 јули 2022

Четврта доза ќе можат да примат оние што веќе примиле три дози за заштита од коронавирус. Не е потребно закажување термин на вакциналните пунктови.

https://www.dw.com/mk/%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B8-%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4-19-%D1%81%D0%BE-%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D1%98%D0%B7%D0%B5%D1%80-%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0/a-62382881

Започнува вакцинацијата со четврта дозаза Ковид-19 во Северна Македонија. Ваквата информација ја соопшти Комисијата за заразни болести, која укажува дека четврта доза може да примат лицата над 18 години кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денеска можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување. Трета бустер доза досега имаат примено 9 проценти од вкупното население. 

Вакцинацијата со четврта доза ќе се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Превентива 

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.

Deutschland | Coronavirus | Impfstoff
Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на Ковид-19Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

„Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид-19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет“, укажуваат од Министерството за здравство.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, досега се вакцинирани вкупно 874.877 лица со барем една доза, две дози примиле 855.879 лица, а на бустер доза се одлучиле 159.839 лица. Во земјата во моментов има 1.126 активни случаи на коронавирус. Бројките на заболени повторно раснат за време на летниот бран на Омикрон. Надлежните не донесоа нови заштитни мерки, но апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да се заштитат носејќи маска во затворени простории. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на владата на Република Северна Македонија

Инаетот како главен енергенс

Mazedonien DW-Korrespondentin aus Skopje, Katerina Blazevska
Катерина Блажевска
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница