Одлагањето на притворот отвора „нови можности“ за обвинетите | Македонија | DW | 19.07.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Македонија

Одлагањето на притворот отвора „нови можности“ за обвинетите

Додека трае жалбената постапка и натаму постојат основите и околностите поради кои е одреден притворот - опасност од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото, предупредуваат правни експерти

Со оглед на обемниот број докази понудени од СЈО, нема изненадување во експертската јавност за одлуката на Апелацискиот суд да ги уважи жалбите на СЈО и да определи мерка притвор за обвинетите во предметите „Таргет“ и „Тврдина“: Горан Грујевски - поранешен началник на Петтата управа во УБК, Никола Бошковски - службеник во УБК и Тони Јакимовски - поранешен шеф на кабинетот на директорот на УБК Сашо Мијалков, а денес генерален директор на Југоисточниот европски центар за спроведување на законот (СЕЛЕК) во Букурешт. Единственото изненадување е ставот дека жалбата на обвинетите го одложува спроведувањето на изречените марки.

„Ова е апсурдно, и веројатно е 'резултат' од преседанот што го направи Врховниот суд, кога во случајот со Сеад Кочан 'утврди кршење на законот од страна на Кривичниот совет и Апелациониот суд', бидејќи ценеле дека жалбата не го одложува извршувањето на одлуката. Па сега се воведува некоја обратна пракса. Ако судот утврдил основа за изрекување мерка притвор, тогаш решенијата за притвор се итни, бидејќи додека трае жалбената постапка и натаму постојат основите поради кои е одреден притворот - опасност од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото“, предупредуваат правни експерти.

На пример, додека трае жалбената постапка, обвинетиот Горан Грујевски може да оди на работа во УБК, каде и натаму е помошник директор за координација, бидејќи не постои можност да биде разрешен од таа функција. Во време на една од „пржинските влади“, тој беше суспендиран од министерот Оливер Спасовски, но по завршувањето на неговиот времен мандат, директорот на БЈБ, Митко Чавков, веднаш го врати Грујевски на работа и ја прекина дисциплинската постапка против него. Бидејќи оттогаш поминала повеќе од една година, спред регулативата дисциплинската постапка не може да се обвнови, а со оглед дека Грујевски со месеци е на боледување, во таква ситуација МВР нема законска можност да го разреши. Под лупа на СЈО беа и неговите боледување - првите потпишани од лекарка од внатрешноста (сопруга на еден од пратениците кој е снимен како ги отвора вратите на парламентот на крвавиот 27-ми април), а натамошните - од здравствени установи во Скопје.

Mazedonien Justiz Appellationsgericht (Petr Stojanovski)

Писмо до Зврлевски, Илиевски и Панчевски

СЈО до судот доставило огромен број докази што укажуваат зошто е неопходно обезбедување на присуство на обвинетите во кривичната постапка по повеќе основи, меѓу кои, најмногу заради вршење влијание врз сведоците од страна на двајца од обвинетите. Имено, при извршениот претрес кај Грујевски од страна на СЈО бил пронајден тефтер со евиденција за тоа кој сведок во колку часот влегува во СЈО и од кој обвинител е испрашуван, а потоа истите лица биле повикувани од обвинетите, кои ги распрашувале каков исказ дале во СЈО и им давале натамошни упатства како понатаму да се однесуваат и што да одговараат на одредени прашања. Иако дел од подотоците претходно биле бришени, со помош на информатички форензичар дел од нив биле повратени, а меѓу нив откриена папката со наслов „СЈО“ во кои биле сместени упатствата и евиденцијата за лицата што давале исказ во СЈО. При претресот бил пронајдено и писмо адресирано до Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, до тогашниот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, и до тогашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Во писмото тројцата биле известени и алармирани дека одземањето на компјутерите и нивната проверка од страна на СЈО ја загрозува националната безбедност и се барало да се забрани и запре таквата активност. Од СЈО велат дека таа проверка не ја загрозувала работата на УБК, бидејќи се одвивала во текот на една ноќ и следното утро компјутерите биле вратени во институцијата.

Судството партнер на полицијата

Писмото за кое СЈО нема потврда дали било примено од лицата до кои е адресирано, навестува партнерски релации меѓу раководните лица од УБК со раководители во обвинителско-судскиот систем. Таквата практика ја потврдува и лично Горан Грујевски во неговата докторска дисертација „(Зло)употреба на посебните истражни мерки“, одбранета во 2014 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ. Во дел од неа го опишува партнерскиот однос на судството со полицијата.

„Колку и да сакаме да биде поинаку, мора да признаеме дека судството кај нас сѐ уште нема сфатено дека заштитата на правата на граѓаните од државата е негова примарна задача, туку напротив, себеси се гледа повеќе како партнер на полицијата и обвинителството во спроведувањето на законот, отколку како нивен контролор. Судиите имаат развиено премногу пријателски пристап кон извршната власт и еден бирократски пристап во толкувањето на правото. (стр.167)

Грујевски во трудот опишал и кон што води злоупотребата на специјалните мерки. (...) „Иако во јавноста мерките се најавуваа како стриктно насочени кон најсериозните закани од организираниот криминал, тероризмот и сл., се отвора пат специјалните мерки широко да се користат. Како што сега стојат работите (...) приватноста и слободата многу лесно ќе се маргинализираат кога ќе се пристапи кон одмерување од случај до случај, а во тоталитетот на случаи ќе добиеме сериозна закана од полициска држава“ (стр. 168).

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама