Нов пресврт: Мијалков останува во притвор | Северна Македонија | DW | 22.12.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Нов пресврт: Мијалков останува во притвор

За неполни 12 часа, поранешниот шеф на УБК беше ослободен од притвор од Апелацискиот суд, а потоа доби нов притвор од Основниот кривичен суд по барање на обвинителството, но за друг предмет.

Сашо Мијалков

Сашо Мијалков, поранешен шеф на тајната служба останува во притвор

Поранешниот шеф на тајната служба Сашо Мијалков ќе остане во притвор уште најмалку 30 дена откако вечерва Основниот кривичен суд по итна постапка го прифати предлогот на обвинителството. Апелацискиот суд претходно му дозволи на Мијалков да излезе од притвор прифаќајќи ја неговата гаранција од над 11 милиони евра. 

Обвинителството попладнево поднело барање за одредување мерка притвор од 30 дена за Мијалков кој е обвинет во предметот „Плацеви на Водно“. Основниот кривичен суд – Скопје потоа експресно го прифати предлогот на Јавното обвинителство. 

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против Сашо Мијалков обвинет во предметот познат како „Плацови на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд. Советот оценил дека постои опасност од бегство на обвинетиот. 

Критики за Апелација  

Апелацискиот суд во Скопје во средата ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, со што мерката притвор беше преиначена во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во суд. 

Случај Мијалков: скандалозни 24 часа пинг-понг

Оваа мерка притвор на Мијалков му беше изречена во врска со предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на осум години затвор. Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацови на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“. Мијалков се наоѓа во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор. 

Министерот за правда Бојан Маричиќ ја критикуваше одлуката на Апелација, оценувајќи дека таа „ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите“.