Нов напад во Лондон | Свет | DW | 19.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов напад во Лондон

Нов напад во Лондон: во квартот Финсбери Парк ноќеска едно возило влета во пешаци кои излегувале од џамија. Убиено е едно лице.

Нападот во кој загина едно лице, а десет се повредени, се случил ноќеска, по вечерната молитва за Рамазан во џамијата во Финсбери Парк. Првиот повик за помош стигнал 20 минути по полноќ. Според изјави на очевидци, мало транспортно возило целно влетало во толпата луѓе додека излегувале од џамијата. „Од прозорецот слушнав многу крици, беше хаотично“, изјави жена која живее во соседството за Би-Би-Си. Други сведоци велат дека возачот на транспортното возило се обидел да избега, но повеќе луѓе го фатиле и задржале додека не пристигнала полицијата. Напаѓачот, за кого единствено се информира дека е 48-годишен, е однесен во болница, каде што се утврдува дали е психички здрав.

Според полициски наводи, досега нема сознанија за други соучесници во нападот. Медиумите пак, цитираат очевидци кои тврдат дека виделе двајца мажи кои се симнале од возилото откако тоа влетало во толпата.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека се работи за „ужасен инцидент“ и рече дека нејзините мисли се со жртвите и нивните семејства. Лидерот на опозиционите лабуристи, Џереми Корбин рече дека е „сосема шокиран“.

Претставник на британскиот Совет на муслиманите (МЦБ) оцени дека се работи за намерен напад кој го демонстрира растечкото непријателство кон муслиманите во земјата. Советот на муслиманите бара дополнителни безбедносни мерки, особено за време на месецот на пости Рамазан. Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, соопшти дека се ангажирани дополнителен број полицајци за муслиманските заедници да се заштитат од напади.

DW.COM

Реклама