1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што ќе донесе посетата на еврокомесарот Вархеји на Софија?

ДТЗ
25 април 2022

Скопје и Софија под будно око на меѓународната заедница ги продолжуваат разговорите околу иднината на европската агенда.

https://p.dw.com/p/4AO7b
Belgien l Europaparlament befragt Ersatzkandidaten für von der Leyens EU-Kommission - Oliver Varhelyi
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Thys

По минатонеделното заладување на односите предизвикано од отварањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, Скопје и Софија под будно око на меѓународната заедница ги продолжуваат разговорите околу иднината на европската агенда.

„Време е Софија да покаже стратешко лидерство со цел да се прекине овој токсичен круг на односи којшто се провлекува со години и остава трајни последици меѓу граѓаните од двете страни на границата. ЕУ треба да преземе стратешко лидерство кон регионот, заради тоа што овие историски моменти го наметнуваат токму тоа“, порача шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи од Берлин, кадешто имаше повеќе средби во германскот Бундестаг околу македонското европско досие. 

Од Берлин, министерот Османи утре ќе отпатува за Софија, каде се очекува да престојува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Бугарските медиуми најавија дека Вархеји ќе се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и со министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска. Еврокомесарот за проширување на ЕУ, до 28 април има во план да ги посети Хрватска, Бугарија, Северна Македонија и Албанија.

Османи пред посетата на Берлин порача дека португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на нашите евроинтеграции. Претходно бугарскиот премиер Кирил Петков во изјава за БТВ рече дека гаранција за правата на Бугарите во земјава може да се обезбеди преку процесот на европска интеграција, за кој оценува дека за Северна Македонија ќе трае најмалку 10 години.