1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Deutschland Asylpolitik | Duldung | Aufenthaltsrecht
Фотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance
МиграцијаГерманија

Нови правила за престој на странците во Германија

Улрике Кваст
6 јули 2022

Германската влада сака да им даде подобри можности за траен престој на странците кои имаат статус на толерирани лица во земјата. Владата даде зелено светло за нов предлог-закон кој го регулира престојот на овие лица.

https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-62382191

Германската влада сака да отвори перспектива за долгорочен престој на илјадници странци кои со години живеат во Германија со статус на т.н. толерирани лица. Владата го одобри предлог-законот за т.н. шанса за право на престој. „За околу 135.000 луѓе, ова е мост за подобар живот во Германија, за повеќе хуманост наместо недоверба во правото на престој“, изјави владината ополномоштеничка за интеграција, Рим Алабали-Радован. 

Планираната регулатива треба да важи за луѓето кои до 1 јануари 2022 година живееле најмалку пет години во Германија и кои се залагаат за слободарско-демократски поредок. Секој кој давал неточни информации или лажел во врска со својот идентитет со цел да го спречи своето депортирање, нема да може да профитира од новата регулатива. Исклучени ќе бидат и сторителите на кривични дела, при што паричните казни од вкупно 50 дневници или осуди според кривичното право за малолетни лица, не би требало да претставуваат пречка. Толерираните лица кои извршиле кривично дело ќе бидат протерувани поконсеквентно отколку досега. 

Во рок од една година ќе може да се исполнуваат останатите предуслови за право на останување во Германија. Доколку се докаже доволно познавање на германскиот јазик и доволно приходи за егзистенција, ќе може да се добие трајна дозвола за престој. На 31 декември 2021 година, во Германија живееле околу 242.000 странци со статус на толерирани лица, односно 136.000 повеќе отколку пред пет години. 

Предлог-законот се однесува и на доселувањето на стручњаци, кое владата сака да го поттикне со оглед на недостигот од ваква работна сила во многу бранши. Странците стручњаци во иднина ќе може да ги носат во Германија своите брачни партнери и децата и без да мора да докажуваат познавање на германски јазик, што досега беше голема пречка за спојување на семејствата. Треба да се олесни и интеграцијата на барателите на азил. Тие во иднина би требало да добијат пристап до курсеви за интеграција и професионални јазични курсеви уште од почеток. 

Владеачката коалиција има намера до крајот на годинава да го донесе и вториот пакет мерки за миграцијата. СПД, Зелените и ФДП во својот коалициски договор се залагаат за олеснето добивање државјанство за луѓето од т.н. генерација на гастарбајтери, а би требало да се воведе и т.н. „Карта на шанси врз основа на систем на поени“. 

- повеќе: Бројот на лица кои добиле германско државјанство зголемен за 20 проценти

„Сојузната влада сака со активна и уредена политика да создаде нов почеток во миграциската и политиката на интеграција, кој ќе одговара на една модерна земја на доселување“, изјави портпарол на владата. Законот сега треба да биде изгласан од страна на Бундестагот, а согласност на Бундесратот не е потребна.

- повеќе: Германија: Секој четврти граѓанин има странско потекло

Партиите на опозициската Унија (ЦДУ/ЦСУ) ја критикува новата регулатива за престој во земјата. Со тоа, владата ги наградува „лицата кои не се прогонувани и не им е неопходна заштита, кои мора да заминат (од Германија, н.з.), а сепак упорно се спротивставуваат на тоа“, изјави експертот за внатрешнополитички прашања на пратеничаката група на Унијата, Александер Тром за весникот „Ханделсблат“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница