Новинар на Дојче веле претепан на собир на Златна зора во Атина | Свет | DW | 20.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Новинар на Дојче веле претепан на собир на Златна зора во Атина

Членови на грчката неонацистичка Златна зора продолжуваат со напади врз новинари чие известување не им се допаѓа. Последна жртва е Томас Јакоби. Полицијата гледала додека Јакоби бил тепан во центарот на Атина.

Дописникот на францускиот весник Ла Кроа и на Дојче веле од Атина, Томас Јакоби вчера бил претепан од активисти на десно-радикалната партија Златна зора за време на протест против мигранти во Атина. Видео објавено од грчките медиуми го прикажува Јакоби со раскрвавено лице по нападот. Јакоби е автор на документарниот филм „Златна зора: Лична приказна“ во 2016 година. 
„Тие ме удираа четири и пол минути додека да се појави полицијата. Никој не помогна. Тоа е најшокантното нешто“, изјави Јакоби по нападот. Новинарот вели дека е шокиран што ниту еден од полицајците во околина не се обидел да му помогне додека траел нападот.

„Мислев дека покрај толку полицајци ќе можам да си ја работам работата. Очигледно погрешив. Тие ме нападнаа затоа што ме препознаа“, изјави Јакоби, додавајќи дека имал среќа што напаѓачите не биле вооружени со ножеви.
Ова е втор напад врз Јакоби, откако пред една година исто така беше нападнат од членови на неонацистичката Златна зора заедно со уште еден камерман и фоторепортер, исто така во Атина. 
Грчката новинарка Анџелик Курунис, која работи со Јакоби на истражувањата за Златна зора, и порача на партијата дека нема да се откажат. 

„Без оглед колку силно ќе не удрите, без оглед дали ќе ни ги крадете телефоните и диктафоните како денеска, дури и кога десетмина од вас ќе го нападнат Томас, ние нема да се откажеме“, порача Курунис преку Твитер. 
Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас го осуди „фашистичкиот напад“ врз Јакоби и рече дека властите отвориле истрага. 
Здружението на дописници во Грција исто така го осуди нападот и ги повика властите да ги пронајдат напаѓачите. 
„Постоењето на организирани групи кои на маргините на протестите имаат за цел да ги заплашуваат новинарите кои не им се допаѓаат не смее да се толерира“.

 

DW.COM

Реклама