1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Sri Lanka | Proteste gegen die Regierung
Фотографија: Eranga Jayawardena/AP/dpa/picture alliance
ПолитикаШри Ланка

Несигурност во Шри Ланка: „Нема излез“

Апарна Рамамурти
11 јули 2022

По повеќемесечни масовни протести поради тешката економска криза, раководството на Шри Ланка попушти под притисокот- претседателот и премиерот најавија оставки. Многу граѓани сместаат дека стуацијата им е безизлезна.

https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%B3%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%88%D1%80%D0%B8-%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B7/a-62429080

„Овде има борба на живот и смрт. Нема работа, нема пари за храна, ниту излез од земјата", вели Шанти, 50-годишна самохрана мајка која живее на периферијата на главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Таа и децата биле дел од протестите кои започнаа на 9 јули, денот кога претседателот Готабаја Раџапакса се согласи да се повлече од функцијата откако илјадници демонстранти насилно влегоа во претседателската палата во Коломбо со барање да си даде оставка.

„Не можевме да спиеме навечер“, вели Шанти за ДВ и додава: „Ова е најлошото што сум го доживеала во мојот живот. Не можам да си ја плаќам ни киријата."

Шанти се обидувала да се извлече себеси и трите деца од актуелните економски турбуленции. Како и многу други, таа се плаши за својата иднина.

„Сакав син ми да оди во странство и да работи”, вели таа. „Но, не можевме да му извадиме ни пасош. Не функционира системот. Син ми студираше мотомеханика, но е без работа. На сите начини се обидовме да му најдеме работа. Но, никој не е подготвен да ни обезбеди работно место. Мојата втора ќерка за среќа најде работа. Но, таа има многу мала плата”, раскажува Шанти.

Загрижена е за третото дете, кое сѐ уште посетува гимназија. Повеќето училишта и институции се затворени, а за тие неколку часови кои се одржуваат таа двапати неделно мора да пешачи десет километри за да посетува настава. Нема јавен превоз, нема интернет или стабилно напојување за да може да учи од дома.

Sri Lanka | Proteste gegen die Regierung
Демонстрантите во саботата (9.07) упаднаа во претседателската палатаФотографија: Eranga Jayawardena/AP/dpa/picture alliance

Пет дена за пет литри гориво

Протестот од 9 јули е резултат на пад на економијата кој предизвика недостиг на гориво, храна и други работи важни за живот.

„Немам гориво за мојата авто-рикша“, вели Мухамед Џафрин, возач од местото Велампитја. „Морам да чекам во ред четири дена и на петтиот може да наточам гориво, кое за литар 490 рупии (1,33 евра)."

Џафрин додава дека храната ја готвеле на гас, потоа морале да набават петролејска печка, а сега храната за седумчленото семејство ја подготвуваат на дрва, бидејќи другите ресурси се потрошени.

Џафрин, кој има четири деца, е единствениот член на семејството кој заработува. „Порано јадевме по трипати на ден, сега имаме само за по два оброка“, вели тој за ДВ.

Дури и кога ќе успее да набави гориво и да излезе на работа со возилото, малку луѓе имаат пари да си дозволат авто-рикша. Тој вели дека никогаш не му било толку тешко да заработи пари.

„Немаме преостанати резерви и тоа е поради лошото менаџирање од страна на претседателот Раџапакса“, додава Кришнасвами Харендран, локален новинар. „Луѓето пешачеа километри и километри заедно за да се случи протестот. Оставката на властите е привремена победа", заклучува тој.

Се повлече последниот Раџапакса

Иако протестите се влечат со месеци, ситуацијата ескалираше кога десетици илјади луѓе во саботата (9.07) влегоа во претседателската палата, иако вооружените сили се обидоа да го спречат тоа пукајќи предупредувачки истрели во воздух.

Фотографии објавени на социјалните медиуми покажуваат разгневена маса луѓе кои кршат барикади и подметнуваат пожари во домовите на функционерите. Потоа снимки од разни телевизии покажуваа демонстранти кои вежбаат во теретаната, пливаат во базенот и ја користат кујната од претседателската палата.

Sri Lanka Colombo | Menschen vor dem Präsidentenpalast
Шриланкани пливаат во базенот во претседателската палатаФотографија: Harendran/DW

Ова се случи точно два месеца откако поранешниот премиер Махинда Раџапакса се повлече од функцијата што пак предизвика насилство ширум земјата меѓу про- и антивладини групи, што резултираше со девет мртви и неколкумина повредени.

Се вели дека претседателот Раџапакса бил ескортиран од палатата заради негова лична безбедност и засега е непознато неговото престојувалиште. Но, локални медиуми јавуваат дека тој е вратен на работа и издал наредба на властите да ја зголемат дистрибуцијата на гас.

„Присилени да дејствуваат”

Мета на саботните протести беа три најважни локации во Коломбо: освен врз претседателската палата, напади имаше и врз приватната резиденција на премиерот, како и врз Секретаријатот на претседателот, каде што тој работи.

„Луѓето мораа да го скршат отпорот на полицијата, специјалните сили и на војската“, вели социјалниот активист Камира Десуваге за ДВ. „Тоа е резултат на тоа што на луѓето не им се исполнети ни основните потреби и осудени се да живеат без какви било аспирации“, оценува Десуваге.

„Луѓето од Шри Ланка комплетно ја загубија довербата во Раџапакса“, вели тој. „Го гледаат како предавник. Сакаме ниту еден од кланот Раџапакса да не остане на власт и секој еден од нив треба да биде изведен пред лицето на правдата за своите криминали, а особено за финансиските."

„Готабаја сѐ уште не дал оставка и не сме сигурни дали тоа навистина ќе го направи“, додава тој.

Sri Lanka
Фотографија: Eranga Jayawardena/AP/picture alliance

По саботните протести, премиерот Ранил Викремесинге се согласи да се повлече од функцијата, со што го поплочи патот за влада составена од сите партии. Премиерот беше назначен во мај годинава и актуелно е и на чело на Министерството за финансии.

Новинската агенција Ројтерс јавува дека ММФ се надева на решение на политичките турбуленции во Шри Ланка што ќе дозволи продолжување на преговорите за пакет за простување на долгови. Шри Ланка актуелно е погодена од најстрашната економска криза од независноста во 1948 година.

Земјата во април западна во потешкотии да го отплаќа долгот спрема странски доверители и 22 милионското население се соочува со растечка инфлација и кратење во напојувањето со електрична енергија, откако владата веќе немаше девизи за да купи есенцијални стоки како храна, гориво и лекови.

„Потребно ни е да ни се врати нашиот мир. Да ни се вратат нашите животи“, вели Шанти, која се надева дека земјата еден ден ќе се врати во нормала. „Најважно од сѐ е моите деца да имаат подобар живот."

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница