„На Струга дуќан да имам“ испеана од германски хор | Панорама | DW | 15.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

„На Струга дуќан да имам“ испеана од германски хор

Хорот при Културниот центар Бротфабрик неодамна ја изненади публиката за време на концерт во Бон со изведба на една стара македонска народна песна

Хорот неколку месеци ја вежбал изведбата на македонската народна песна. За Дојче Веле оттаму велат дека првичната идеја била песната да се изведба со ритмичка поддршка од тапан, но на крајот се откажале од тој план. Македонскиот седум-осмински ритам сепак на крајот се покажал како преголема пречка. Тоа сепак не одзема ништо од квалитетот на нивната изведба.

Погледнете како тоа звучи во видеото:

Гледај видео 03:21

„На Струга дуќан да имам“ испеана од германски хор

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама