На скопскиот аеродром пристигнаа посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа | Северна Македонија | DW | 03.12.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

На скопскиот аеродром пристигнаа посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа двата авиона со посмртните останки од загинатите патници во автобуската несреќа во Бугарија.

Посмртните останки на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија на аеродромот во Скопје пристигнаа со два бугарски транспортни авиона. Тие беа преземени со највисоки државни почести. На аеродромот последна почит на загинатите со положување венци им оддаде државниот врв, а на испраќањето присуствуваа и роднини на загинатите, министри, пратеници, претставници на верските заедници, како и странски делегации.

Според протоколот, телата за загинатите со 45 погребални возила ќе бидат пренесени кај семејствата, а потоа погребани. 

По вчера најавениот план за пречек и испраќање на посмртните останки на загинатите, вечерта беше направена измена: нема да има колона по булеварот „Гоце Делчев“, како што претходно беше најавено од МНР.

„Посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа во Бугарија после нивниот транспорт на аеродромот во Скопје, веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта. Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, сѐ уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот“, соопшти МНР.

Повеќе:

Последното патување

Сѐ за трагедијата со македонскиот автобус во Бугарија

Nord-Mazedonien Skopje | Gedenken an Opfer Busunglück in Bulgarien

На плоштадот Скендербег во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните може да им оддадат почит на загинатите

На плоштадот Скендербег во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните може да им оддадат почит на загинатите во несреќата која се случи на 23 ноември, на автопатот „Струма“, во близина градот Перник во Бугарија. Во несреќата на автобусот на „Беса транс“ загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени.