1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Verurteilung von bosnisch-serbischen Soldaten wegen Srebrenica
Фотографија: Picture-Alliance/dpa

На Младиќ не му се суди затоа што е Србин

Џевад Сабљаковиќ
21 ноември 2017

За воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, обвинет за геноцид, обвинителството бара доживотен затвор, а одбраната ослободувачка пресуда. Судот ќе ја соопшти својата одлука утре, 22 ноември.

https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%9C-%D0%BD%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%B0-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-%D1%81%D1%80%D0%B1%D0%B8%D0%BD/a-41462616

Хашкиот трибунал, кој ги затвора своите судници на последниот ден годинава, на 22 ноември ќе го има еден од најзначајните историски моменти: ќе му изрече првостепена пресуда на генералот Ратко Младиќ, кој, според обвинението, е виновен за најтешките крвопролевања во војната во БиХ- од опсадата на Сараево и етничко чистење на селата околу Приједор, до масакрот во Сребреница.
Пред точно 11 месеци, обвинителот Алан Тајгер ги заокружи завршните зборови на судењето на Младиќ со следната реченица:
„Етничкото чистење во Босна и Херцеговина не беше последица на војната, туку воена цел“. „Создавањето сесрпска држава беше крајната цел на Младиќ! Остварувајќи ја, тој со Караџиќ ја одведе БиХ во пекол“.
Од завршните зборови на обвинителството и одбраната во декември минатата година, судиите речиси една година ги анализираа аргументите на двете страни и донесоа одлука која треба да ја соопшти претседавачот на судскиот Совет, Холанѓанецот Алфонс Ори.

Bosnien und Herzegowina Geschichte über einen Knochenjäger
Меморијалниот центар Поточари кај СребреницаФотографија: DW/Z. Ljubas

Во притворската единица на Обединетите нации, Младиќ беше доведен пред шест и пол години. Беше уапсен во Србија во мај 2011 година, откако 16 години се криеше. Обвинет е за геноцид во повеќе општини во БиХ, сторен од 1992 до 1995 година. Обвинителството пред судот изведе 172 сведоци и претстави 7.500 доказни предмети и документи. Одбраната изведе 208 сведоци и како докази претстави повеќе од 2.000 документи.
Главната теза на одбраната на Младиќ за време на судењето беше дека „нему му се суди затоа што е Србин и што се обидел да ја брани својата земја и својот народ во војна која ја започнале други“. Одбраната, тврдеше адвокатот Бранко Лукиќ, не отфрла дека се случиле „несреќни ситуациски злосторства, но нив ги сториле одметници од војската на Република Српска“ или припадници на полицијата и на паравоени формации кои не биле во надлежност на Младиќ.
Хашкиот трибунал досега во првостепените процеси изрече 83 осудувачки пресуди, и 19 ослободителни. Соопштувањето на одлуката за пресудата за Ратко Младиќ ќе биде 103 изрекување на пресуда на Меѓународниот кривичен судот за поранешна Југославија, кој го основаа Обединетите нации на 25 мај 1993 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница