Напаѓачот од Либек притворен поради обид за убиство | Свет | DW | 21.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Напаѓачот од Либек притворен поради обид за убиство

Истражен судија одреди притвор поради обид за убиство против напаѓачот од Либек кој вчера во полн автобус со нож рани 10 лица. Мотивите за нападот не се познати.

Во Либек во преполн автобус вчера се одиграа драматични сцени: човек со кујнски нож ги нападна патниците и рани десетмина, од кои две лица имаат потешки повреди. Според сведочењата, пред нападот почнал да се шири чад од неговиот ранец, што возачот го забележалал во ретровизорот и го запрел автобусот среде улицата, отворајќи ги вратите за да можат да излезат патниците.

Напаѓачот бил наскоро совладан од полицијата, а неговите мотиви се истражуваат, додека тој молчи за причината за делото. Човекот е германски државјанин со иранско потекло. Покраинскиот министер за внатрешни работи на Шлезвиг-Холштајн, Ханс-Јоахим Гроте истакнува: „Досегашните сознанија недвосмислено исклучуваат терористичка заднина на делото.“ Ниту кај 34-годишниот напаѓач, ниту во неговото опкружување не постојат докази за негова радикализација во било каква форма, рече Гроте на пресконференција.

Gewalttat in Linienbus in Lübeck (picture-alliance/dpa/TNN)

Се истражуваат мотивите на напаѓачот

Напаѓачот денеска утрото беше изведен пред истражен судија, кој му одреди притвор поради обид за убиство. „Постои основан сомнеж за обид за подмолно убиство со средства опасни по живот, нанесување опасни телесни повреди и подметнување пожар. Можно е осомничениот да имал намера да го запали преполниот автобус и да повреди што е поголем број луѓе, земајќи ја во предвид и нивната смрт“, стои во судското образложение. Осомничениот не дал никаков исказ ни пред судијата. Неговиот бранител за една телевизија изјави дека осомничениот има тешки психички пореметувања и страда од паранодина шизофренија.

Еден очевидец-минувач пренесува на какви потресни моменти бил сведок: „Патниците скокаа од автобусот и врескаа, беше страшно.“ 

Сѐ укажува дека возачот на автобусот е херој на денот, неговата присебна реакција и овозможувањето 70-те патници да го напуштат автобусот веројатно спречиле уште полош исход на инцидентот.

    

   

 

DW.COM

Реклама