„Напад врз слободата на мислењето и на печатот“ | Свет | DW | 17.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Напад врз слободата на мислењето и на печатот“

Репортери без граници ги осудуваат новите санкции на Украина против руските медиуми. Во интервју за ДВ директорот на организацијата Кристијан Мир објаснува што Киев треба да преземе во информациската војна со Москва.

Дојче Веле: Украина масивно ги прошири своите санкции против руските медиуми; како против телевизиските канали така и против социјалните мрежи. Што за ова мислат Репортери без граници?

Кристијан Мир: За Репортери без граници тоа е неподнослив напад врз слободата на печатот и на мислењето. Од една страна класичните медиуми ќе бидат протерани од украинската телевизиска мрежа, а од друга страна ќе бидат блокирани социјалните мрежи, кои се многу важни за слободата на печатот. И тука не станува збор само се некојси таму мрежи, туку за најголемите социјални мрежи на руски јазик: Однокласники (Училишни другари) и Вконтакти. Овие платформи се важни за слободата на печатот и на мислењето. Луѓето на нив можат да се информираат за сѐ и да разменуваат содржини. И тоа е важно за слободата на информирање. Поради тоа ги осудуваме овие забрани како напад врз слободата на информирање и слободата на печатот.

Украина себеси се гледа во војна со Руската Федерација. Модерните војни не се водат само со оружје, туку и со информации. Социјалните мрежи во тој случај играат огромна улога, а клучен збор во тој смисол е - лажни вести  (Fake-News). Зарем тогаш не е легитимна мерката на украинската влада да го ограничи непријателското влијание?

ROG Geschäftsführer Christian Mihr

Кристијан Мир

Не може да се казнуваат оние кои пренесуваат вести. Ние секогаш предупредувавме дека задача на медиумите не е да се вкопуваат во едностраната информативна војна на Русија. Медиумите се платформа за пренос на вести. А во тоа се вбројуваат и социјалните медиуми. Ние не можеме овие платформи да ги обвиниме поради тоа што можеби шират одредени вести. Информативната војна ја објави руската страна, но во таа војна никој не би требао да се впушта, бидејќи информативните војни не се добри. Информациите се нешто најважно за секое општество, но и за надминување на конфликтитте. Истотака и во војната меѓу Украина и Русија потребни се веродостојни информации. Тоа, за волја на вистината, не значи дека нема да има лажни и погрешни информации. Но и покрај тоа, кога ги блокирате оние кои пренесуваат вести, тоа е напад врз слободата на информирање.

Како би требало да изгледа една мудра реакција на украинската влада, наместо забраната?

Украина може да се спротистави на тоа со добро новинарство. На пример, најнапред да се зголемат средствата за украинскиот информативен сервис за странство и така да се покаже што може да понуди независното новинарство; посебно ако се спореди со она што руските медиуми за жал често го нудат. А тоа е контролирано и комформистичко новинарство. Добар сигнал би бил, од една страна да се зајакне независното украинско новинарство во рамките на електронските медиуми за странство. Исто така силен сигнал би бил и да се поддржи секоја новинарка и секој новинар, кој се залага за медиумските слободи. Покрај тоа да се позанимаваат со неказнетите убиства на новинари, кои во Украина сѐ уште ги има, и да покажат заинтересираност за тоа новинарите да не работат под притисок и закани, туку да можат да се занимаваат со својата важна задача за демократизација и потрага по решенија во војната меѓу Украина и Русија. А тоа би можеле да го прават само ако врз нив не се врши притисок и ако не се изложени на закани.

Кристијан Мир од 202 година е директор на Репортери без граници.

 

 

 

Реклама