1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Белгија | ЕУ Министри
Министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУФотографија: Virginia Mayo/AP Photo/picture alliance

Компромис без рок за старт на преговорите

ДТЗ
14 декември 2021

Првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија се очекува да се одржат наскоро, но нема временска рамка кога тоа ќе се случи. 

https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%B5%D1%83-%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BE/a-60122117

Советот за општи работи на Европската Унија денеска во Брисел ги усвои заклучоците за проширувањето. Првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија се очекува да се одржат наскоро, но нема временска рамка кога тоа ќе се случи. 
„Советот ја потврдува својата заложба за проширување, која останува клучна политика на ЕУ“, се наведува во заедничката изјава на 27 министри за надворешни работи на ЕУ. 
„Советот ја повторува недвосмислената поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан“, се наведува натаму. 
Извесно е дека почетокот на преговорите нема да биде одобрен до крајот на оваа календарска година, но во заклучоците се наведува дека „Советот очекува првата меѓувладина конференција со РСМ и Албанија да се одржи што поскоро“. 

Словенечкиот државен секретар за европски прашања Гашпер Довжан, по состанокот рече дека е задоволен што со колегите министри и државни секретари едногласно ги договориле заклучоците за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација

„Она што е важно се заклучоците на Советот, не ги споредуваме со претходните нацрти, некои формулации се тука од пред два месеца и повеќе, но бидејќи преговорите за вакви документи се многу долго, дефинитивно би го оценил денешниот ден како успех“, изјави Довжан. Тој нагласи дека ова е „пример за духот на компромис и лојална соработка на земјите членки“. „Она што начелно предвидовме да го постигнеме не беше изводливо оваа година и ова е фактичката причина зашто 'оваа година' не се појавува повеќе во заклучоците“, додаде Довжан. 

Брисел Македонско знаме ЕУ
ЕУ се надева дека преговорите за членство со РСМ ќе почнат наскороФотографија: DW/M. Maksimovic

Во крајните заклучоци отстранета е референцата што ги поврзува процесот на проширување за Северна Македонија со имплементацијата на Договорот со Бугарија, меѓутоа оваа референца е присутна и во самата преговарачка рамка, објаснуваат дипломатите што имале увид во рамката.

Следниот состанок во Брисел е на Европскиот совет во четврток, каде Бугарија ќе ја претставува претседателот Румен Радев. 

Новоизбраниот бугарски премиер Кирил Петков по првата владина седница во Софија изјави дека во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев договориле брзо формирање работни групи кои до почетокот на следниот месец ќе изготват акциски план. „Ќе се структурираат што е можно поскоро и се надеваме дека на почетокот на јануари ќе имаме јасен план какви ќе бидат тие групи. Ќе вклучиме повеќе култура, инфраструктура, економија, како надополнување на историјата. Треба да направиме акционен план и на почетокот на јануари овие групи да имаат реални резултати, да даваат идеи за да продолжиме со преговорите со пооперативен план“, најави тој.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница