Моја Европа: Небо, земја, идентитет | Свет | DW | 27.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Моја Европа: Небо, земја, идентитет

Врз што се засноваат идентитетите? Сѐ додека човекот не живее на вселенски брод, неговото „овоземско село“ ќе го определува неговото самосфаќање.

Денот на евангелистичката црква го познаваме како спиритуелен настан, кој ги слави обединувачките сили на љубовта, мировничката улога на религијата и кој се залага за духот на екуменството. Точно е: копнежот за избавување е еднакво силно изразен ширум светот. Во спиритуалната сфера постои зачудувачко поклопување на системите на верување: сите стремат кон unio mystica, кон претопување на сѐ со сето, кон враќање кон прапочетокот, кон вечноста на душата.

Меѓутоа овој црковен ден беше впечатливо политички. Сите актери изгледа дека беа свесни оти горливите теми на сегашноста се повеќе од световна отколку од небесна природа . Стана збор за бегалската политика, за односот кон исламот, за единството во Европа.

Во основа денешните конфликти се последици за брзиот технолошки развој- драстично олеснетите можности за патување и виртуелната комуникација, која овозможува интензивен допир меѓу луѓето и културите.

Кој сум јас? Кој си ти?

Ваквиот развој се поткрепува со домашна идеологија. Има растечка класа на луѓе кои се постојано во од: трговци, дипломати, консултанти, курири, откривачи, светски патници, градители на мостови, кои се постојано во воздух, и кои својата татковина ја наоѓаат  бо виртуелното и апстрактното. Но, без оглед колку и да е важна нивната улога и моќен нивниот глас, тие и натаму остануваат малцинство.

Поголемиот дел од земјиното населението цел живот му останува верно на своето родно место. А него ваквиот развој сѐ помалку му претставува задоволство. Станува трескавично и тесно во светот, прибежиштата се загрозени. Итно насекаде се поставува прашањето: кој сум јас, кој си ти и каков однос имаме меѓусебе? 

Вкоренети во Земјата

Станува збор за конкретни нешта: за вредностите, вкусовите, наследството, животниот стил. Не станува збор за религијата и спиритуалноста, туку за идентитетот. За принципот јас односно Ние. За егзистенцијалната потреба на луѓето, тука на Земјата, да бидат единствени, незаменливи. Станува збор за прашањето, за што се исплатува да се живее.

Кој верува дека културните разлики можат да се изедначат со размена или дури да се отстранат, се наоѓа во трагична заблуда. Колку и да се унапредени комуникациските технологии, сепак човекот останува дете на Земјата, со прапотреба, да биде вкоренет во неа.

Геја- мајката Земја, била најнапред тука, вели митот. Дури откако се почувствувала осамено и откако си посакала сопатник, го создала Уран, небото, за да ја опкружи и да ѝ прави друштво.

Свет на многу села

Идентитетот на човекот е директно поврзан со пејсажот со земјиштето. Секое земјино ќоше поседува сопствен карактер, сопствен шарм, и прастара традиција, врз која се граделе небројни генерации-  genius loci. Пределите, климата, кујната, обичаите, традициите и религијата соодветствуваат.

Отсекогаш имало места, кои биле прогласувани за отворени: места на средби, на размена, на пропатување, слободни пристаништа, саемски градови, трговски метрополи. Меѓутоа светот и натаму се состои од неброени „роднокрајни села“. Додека децата на човекот не пораснат во вселенски бродови, ќе остане така. Човекот е врзан за своето село, за блиското за сигурното, без што не е можен животот. Во секој јуначки еп, јунакот секогаш се враќа дома, достоинствено остарува и на своите внуци им раскажува за авантурите во далечните земји.

Храброст за идентитет

Останува прашањето за односите меѓу бројните села. На тоа гледам како на однос меѓу индивидуи. Како изгледа еден здрав однос, за тоа во меѓувреме во нашиот културен круг постои консензус. Само меѓу силни индивидуи со јасно изградени идентитети, кои рамноправно и со респект за просторот и границите на другиот се однесуваат еден кон друг, настануваат успешни партнерства, и се воспоставува баланс меѓу давањето и земањето. На крајот на едно такво патување партнерите сраснуваат меѓусебе. А таму каде што недостатуваат овие предуслови, односот дејствува разурнувачки и порано или подоцна се прекинува.

Да се вратиме на актуелната политичка дебата: на Германија сѐ уште ѝ оди тешко со нејзиниот идентитет и тоа е разбирливо со оглед на историјата. Меѓутоа денешните Германци можат да бидат горди на своето село- тоа стана едно од најдобрите, најчистите и најправедните во светот. Тоа може на новодојденците, кои доаѓаат со добра волја за прилагодување, да им понуди нешто екстремно вредно: простор за индивидуално развивање, вистинска можност да се оствари сопствениот потенцијал.

А на оние на кои не им одговара тука, на кои земјата не им годи, или едноставно сакаат да ја искористат, и без тоа нема што да бараат во Германија и најчесто остануваат надвор. Тоа го овозможува силниот идентитет.

Анила Вилмс е албанска писателка која од 1994 година живее во Берлин. Во 2012 година се појави нејзиниот прв роман „Албанска нафта или убиство на северниот пат“.

 

DW.COM

Реклама