Минхен: Доживотен затвор за хрватски екс-тајни агенти | Свет | DW | 03.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Минхен: Доживотен затвор за хрватски екс-тајни агенти

Двајца водечки агенти од екс-Југославија, Здравко Мустач и Јосип Перковиќ, се осудени на доживотен затвор за соучество во убиство на дисидентот Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година во Германија.

Вишиот покраински суд во Минхен изрече казна доживотен затвор за двајца водечки агенти на тајната служба од поранешна Југославија поради убиство, соопшти судијата претседавач Манфред Даустер денеска во Минхен.

Двајцата Хрвати се совиновни за насилната смрт на противникот на тогашниот систем во Југославија, Стјепан Ѓурековиќ. Тој беше убиен во 1983. година во баварскиот град Волфратхаузен.

Со пресудата против 74-годишниот пензиониран шеф на тајната служба Здравко Мустач и неговиот 71-годишен соработник Јосип Перковиќ, судот го потврди барањето на Сојузното јавно обвинителство. Одбраната бараше ослободителна пресуда за двајцата обвинети.

Хрватска, на притисок од Германија, ги израчи двајцата екс-тајни агенти дури во 2014 година, по пристапувањето во ЕУ.

Обвинетите во текот на целиот судски процес молчеа. Тие не го извршиле убиството директно, но издале налог за негово извршување.

Познатиот дисидент Стјепан Ѓурековиќ долги години работел како менаџер во југословенскиот државен концерн ИНА и од 1975. година до својата смрт бил информант на БНД, германската тајна служба. Тоа произлегува од доверливи документ на БНД испратен до минхенскиот Виш покраински суд.

Пресудата се‘уште не е правосилна.

Погледнете го документарниот филм за убиството на хрватскиот дисидент:

Гледај видео 42:36
Now live
42:36 минути

Убиство во Титово име

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама