1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Вратена фотографијата на Трамп во досиејата за Џефри Епстин

ЕМФ / ртр
22 декември 2025

Министерството за правда на САД повторно објави фотографија на Доналд Трамп во досиејата за Џефри Епстин, откако беше утврдено дека не прикажува жртви и нема основа за нејзино цензурирање.

https://p.dw.com/p/55n98
САД Вашингтон 2025 | Министерството за правда на САД објавува документи за случајот Џефри Епстин
Министерството за правда на САД повторно врати фотографија од претседателот на САД, Доналд Трамп во објавените досиеја за случајот ЕпстинФотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

Министерството за правда на САД повторно врати фотографија од претседателот на САД, Доналд Трамп, во објавените досиеја за случајот со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин.

Зошто фотографијата на Трамп беше привремено отстранета?

Фотографијата претходно беше отстранета за да биде проверена.

По прегледот, беше утврдено дека нема докази оти фотографијата прикажува некоја од жртвите на Епстин, објави Министерството за правда на платформата X. Затоа, сликата е вратена без измени или затемнување на нејзини делови.

Што прикажува спорната фотографија?

Заменик министерот за правда Тод Бланш претходно изјави дека фотографијата е отстранета поради загриженост за жените кои се прикажани на неа. Ова „нема никаква врска со претседателот Трамп“, рече Бланш вчера (21.12) за Ен-Би-Си.

Фотографијата покажува работна маса со отворена фиока во која има слика од Трамп со неколку жени.

Реакции по објавувањето на досиејата за Епстин

Министерството за правда во петокот (19.12) објави илјадници документи поврзани со Епстин, кој во 2019 година изврши самоубиство во затвор. Сепак, објавувањето предизвика критики, меѓу другото  и од некои републиканци, поради тоа што биле поцрнети големи делови од документите и малиот број документи што го споменуваат Трамп, и покрај тоа што неговото пријателство со Епстин е јавно познато.

Политички притисоци и барања за целосна истрага

Лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, побара „целосна и сеопфатна истрага“.

Трамп не е обвинет за никакво кривично дело. Тој негираше дека имал какви било сознанија за злосторствата на Епстин.