Мигрантите заминаа од импровизираниот камп кај Солун | Информации и анализи за Балкан | DW | 08.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Мигрантите заминаа од импровизираниот камп кај Солун

Последните 60 од околу илјада мигранти кои во изминатите три дена имаа судири со грчката полиција, го напуштија импровизираниот камп на северот на Грција.

Полицијата уапсила неколумина од 60-те мигранти кои последни го напуштија импровизираниот камп поради тоа што немале валидни документи. Остатокот од мигрантите заминал или во други мигрантски кампови или во апартмани ширум Грција. Меѓу нив, како што се вели, немало ниту еден мигрант кој е сместен во официјалниот бегалски камп ШДиавата“, којшто е во близина на импровизираниот камп.

Мигрантите во изминатите три дена имаа судири со полицијата во обид да се пробијат до грчко-македонската граница. Причина за намерата да се тргне на марш кон границата биле шпекулации проширени преку социјалните мрежи дека рестрикциите за патување во насока на централна и северна Европа се укинати. Дури и кога имприовизираниот камп почна да се празни во саботата вечерта, сѐ уште имаше група бегалци кои гласно бараа да бидат пуштени кон границата. На прашањето зошто сакаат кон север, тие одговараа дека германската канцеларка Меркел ги отворила германските граници.

Во меѓувреме, во Германија политичарите бараат со објаснувања да се реагира побрзо на погрешните информации кои се шират на социјалните мрежи. Парламентарниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Штефан Мајер, изрази запрепастеност од подготвеноста на бегалците на насилство. „Насилните и агресивни напади од страна на миграните врз грчките полицајци се неприфатливи и не можат никако да се оправдаат“, рече Мајер за весникот „Велт“. Тој бара посилна соработка на националните и интернационалните институции за брзо да им се застане на пат на погрешните информации на кои се повикуваат мигрантите: „Во иднина, доколку се шират свесно дезинформации, на пример, за наводно отворање на граници, мигрантите ќе мора брзо и директно да можат да стигнуваат до различни канали на информирање на грчките власти, невладините организации, Фронтекс и на Европската агенција за азил.“

Повеќе:

Мигрантите и натаму собрани во Солун

Опасни игри со пожари и мигранти: Кој ја тестира Македонија?

Шефот на пратеничката група на ЦСУ во Бундестагот, Александер Добринт, изјави дека има лица кои намерно сакаат да испровоцираат насилство. „Намерните дезинформации на социјалните медиуми се познати од времето кога бегалската криза беше на својот врв“, рече Добринт за „Велт“. Криминалците сега очигледно се обидуваат да испровоцираат насилни судири на границата, оценува Добринт, кој исто така бара брза реакција против лажните вести и дезинформации. „Мора веднаш и јасно да им се застане на патот на ваквите лажни вести за отворање на границите“, потенцира тој.

DW.COM

Реклама