1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел против популизмот

Кај-Александер Шолц
5 декември 2016

Бегалците и популизмот се централни теми на годинешниот конгрес на ЦДУ. Ангела Меркел со големи политички амбиции сака нејзината партија да ја одржи на курсот на народна партија

https://p.dw.com/p/2TkTO
Angela Merkel
Фотографија: picture alliance/dpa/C.Rehder

Популарноста на германската партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) пред неколку месеци, според истражувањата на јавното мислење, многу опадна, и анкетите покажуваа малку над 30 насто подршка за избирачкото тело. Меѓутоа, ЦДУ некако се извлече од тоа. Но, другата страна на медалот е популарноста на десничарската АфД (Алтернатива за Германија) која не се намалува. Напротив. Ако истражувачите на јавното мислење се осудија во источните сојузни покраини пред една година да прогнозираат дека АфД ќе има повеќе од 10 насто поддршка од избирачите, сега тоа од агол на ЦДУ е уште подраматично. Имено, во Саксонија тоа се веќе 25 проценти. Додека на ниво на целата земја поддршката која според анкетите ја добива АфД, исто така е над 10 проценти.

И изборите во пет сојузни покраини беа сѐ, само не нешто што го крева расположението. А подеднакво лошо расположение има и кај некои од преку 1.000 делегати колку што годинава учествуваат на конгресот на ЦДУ од 5. до 7. декември.

Лутење поради комплицираната сестра од Баварија

Последиците од бегалската криза се рефлектираат во затегнатите односи со баварската сестринска партија Христијанско-социјалната унија (ЦСУ). Претседателот на партијата, Хорст Зехофер, како и обично, требаше да одржи говор на Конгресот на ЦДУ. Но, Ангела Меркел и тој спорат повеќе од една година околу „вистинските“ мерки во бегалската политика - пред сѐ околу „горната граница“ кога станува збор за прифаќањето на бегалците. А за да не мораат овој спор да го изнесуваат и на бина, тие двајцата неодамна открија дека нема да се појават на конгресите на партиите - Меркел на Конгресот на ЦСУ, а Зехофер на Конгресот на ЦДУ.

Deutschland Erding Horst Seehofer
Хорст ЗехоферФотографија: picture-alliance/dpa/M. Müller

Но, ЦДУ не може себеси да си дозволи долгорочен конфликт. Бидејќи, ЦСУ е традиционално стратешки важен партнер со ЦДУ, а посебно денес како безбедносна тампон-зона кон десниот спектар. Со оглед на тоа дека ЦСУ во многу прашања е поконзервативна од ЦДУ, тоа би можело оние избирачи на ЦСУ да ги поврзе со заедничката унија кои во некои други земји веќе се вртат кон десничарските партии. Бидејќи, без ЦСУ десничарите би биле уште посилни. Така што е потребно попуштање на напнатоста. И токму поради тоа, наместо Зехофер на конгресот на ЦДУ ќе присуствуваат двајца високи функционер на ЦСУ: генералниот секретар Андерас Шојер и претседателката на покраинската група во Бундестагот Герда Хаселфелд, која веќе со години се обидува да го спречи преголемиот раздор меѓу партиите.

Но, мирот во сопствените редови и добриот однос со ЦСУ не е сѐ. ЦДУ мора да допре до избирачите ако сака во септември повторно да биде најсилна политичка опција. Но, како, кога секаде наоколу сѐ повеќе власт освојуваат популистите? Многумина очекуваат први одговори за тоа од партиската претседателка Ангела Меркел во нејзиниот прв централен говор.

А Меркел првите индиции ги даде на една регионална конференција, кога еден член на ЦДУ отворено побара нејзина оставка. Таа одговори со целосно разбирање дека ваквиот став е дел од една демократија. Да се сослуша наместо да се осудува - ова изгледа како нова тактика за да се премости јазот помеѓу народот и естаблишментот на што најмогу се жалат популистите.

Вртење в десно

Покрај другите гласови сѐ појасно се гледа и насочувањето кон десно, кое би можело да се изврши на конгресот. А за тоа постојат извесни индиции. Непосредно пред почетокот на конгресот, потпретседателот на ЦДУ, Томас Штробл, излезе во јавноста со барањата за заостување на правилата за добивање азил и присилно враќање на барачите на азил. АфД на тоа веднаш реагираше, говорејќи дека се работи за „празен опортунизам и наводна промена на мислењето“.

CDU Parteitag in Köln 09.12.2014
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Исто така и амбициозната програма на раководството на партијата под наслов „Ориентација во тешки времиња“ оди во таа насока. Тежиштето е на темите: бегалци, миграција и интеграција. Ситуација како што беше во 2015. година веќе не смее да се повтори, рече Меркел минатата недела на видео конференција во базата на ЦДУ и укажа на целите на партиската програма. На 20 страници ЦДУ формулираше општествено-политички насоки за кои пред неколку месеци немаше консензус во врвот на партијата: дефинирање на раководечката култура како предуслов за хармонија во плуралистичкото општество, татковина како одговор на глобализација, државно право над религиозните права, исклучување без миграција на мала врата со злоупотреба на правото на азил, интеграција и создавање паралелни општества.