Меркел гледа придвижување во мировниот процес
1 април 2007Реклама
Германскиот канцелар Ангела Меркел во Ерусалим е уверена во изгледите за мир на Блискиот Исток . Имам чуство дека работите се придвижуваат – изјави Меркел во Ерусалим. порачувајќи дека долгорочна цел мора да биде решението за две држави , значи Израел и соседна палестинска држава кои егзистираат во мир . Во текот на денот Меркел треба да се сретне со шефот на израелската влада Ехуд Олмерт како и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Таа претпладнето го посети и споменикот на холокаустот Јад вашем. А и беше врачена и почесна докторска титула од универзитетот во Ерусалим.