МВР издало над 240.000 казни за сообраќајни прекршоци за само една година | Северна Македонија | DW | 21.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

МВР издало над 240.000 казни за сообраќајни прекршоци за само една година

Статистичките податоци на полицијата укажуваат дека лани за четири пати биле зголемени изречените санкции во однос на 2020 година. 

Над 240.000 казни за сообраќајни прекршоци се изречени во 2021 година во Северна Македонија, од најголем број се за брзо возење. Статистичките податоци на полицијата укажуваат дека лани за четири пати биле зголемени изречените санкции во однос на 2020 година. 

„Во текот на 2021 година се изречени 240.871 санкции за непочитување на сообраќајните правила, што е за четири пати повеќе споредено со 2020 година, кога биле изречени 55.444 санкции. Од овие 240.871 санкции, најголем дел се за пребрзо возење -104.703, прекршок кој според сите анализи е најчеста причина за сообраќајни несреќи со тешки последици“, велат од МВР за ДВ.

Министерството за внатрешни во текот на минатата година континиуирано спроведувале акциски контроли за санкционирање на прекршоците во сообраќајот. Во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, се спроведени и низа превентивни активности за подигање на свеста за почитувањето на правилата во сообраќајот.

Притоа санкцинирани биле и 24.053 лива за управување без возачка дозвола, 10.360 возачи кои возеле под дејство на алкохол и слично. 

„Како резултат на овие активности, 2021 е година со најмалку жртви на сообраќајниците во Република Северна Македонија. Има 111 жртви, но овој податок може да претрпи измена до 30 јануари, до кога се ажурираат податоците“, велат од МВР.

-повеќе на темата: Охридскиот случај ја прели чашата: Нема веќе благи казни за сообраќајни несреќи

Во 2020 година, пак, имало 125 жртви, а пред неколку години имаше бројки од околу 190 и повеќе загинати. 

„МВР продолжува со овие активности и во 2022 година за да обезбедиме што е можно побезбедни сообраќајници. Апелираме и до другите институции и организации да ни се приклучат во овие активности, а секако и граѓаните кои со почитувањето на сообраќајните правила и прописи придонесуваат да ја зголемиме безбедноста на сообраќајниците“, вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за ДВ.