1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Frankreich Ansprache vom Präsident Macron im Fernsehen
Фотографија: Ludovic Marin/AFP

Макрон: Имате историска можност за во ЕУ, изборот е ваш

ДТЗ
7 јули 2022

Овој договор не го доведува во прашање официјалното постоење на македонски јазик, кој е составен дел на вашиот идентитет, порачува францускиот претседател

https://p.dw.com/p/4Dnz3

„Северна Македонија повторно се наоѓа пред клучен момент од својата историја. Седумнаесет години по добивањето кандидатски статус, штотуку се отвора историска можност: влегување во активна фаза на процесот за пристапување кон Европската Унија. Изборот е ваш“, се вели во пораката на францускиот  претседател, Емануел Макрон, објавена од Француската амбасада во Скопје. 

„Ваше е да ја донесете одлуката која ќе ја обликува иднината на Северна Македонија“, вели Макрон, кој е убеден дека определба на земјата е да биде целосно дел од европското семејство. 

Моќта е во вашите раце 

„Сега останува на вас Македонците да се изјасните. Моќта да го смените текот на историјата отсега е во ваши раце“, порачува Макрон и додава: .„Нема да ви кажам дека овој договор е совршен, но ќе ви го расчисти европскиот пат. Како и секој договор, така и овој се заснова на компромиси и рамнотежа. Овој договор не го доведува во прашање официјалното постоење на македонски јазик, кој е составен дел на вашиот идентитет. 

Во овој договор, според него, е наведен Договорот за пријателство со Бугарија од 2017 година. „Тој гарантира негово добро спроведување, во име на добрососедските односи, кои се темел на европските вредности. На крај, станува збор за ревизија на Уставот за да се интегрираат нови заедници во него. Вашата земја веќе претставува пример за соживот во Европа. Ќе треба да се изјасни македонското Собрание“, се вели во пораката на францускиот претседател.

Храброст и мудрост 

„Конечно, дојдено е време секој да дејствува, со целосна одговорност и процена на тежината и последиците од своите постапки. Вие, македонски народe, уште од стекнувањето на независноста покажавте голема политичка храброст и мудрост. Во 2001 година го склучивте Охридскиот рамковен договор, симбол на возможен успех на едно мултиетничко општество. 18 години подоцна успеавте да најдете сили да го потпишете Преспанскиот договор и станавте триесеттиот сојузник на НАТО. Ја заслуживте почитта од цела Европа. Вашето достоинство како македонски народ е стекнато: тоа никогаш нема да биде доведено во прашање“, истакнува Макрон.

Според него, време е да се направи избор. „Ние сме на ваша страна да ве охрабриме да направите нов чекор. Имате кандидатски статус од 2005 година и тоа траеше предолго. Затоа, предизвикот сега е да влезете во нова фаза од процесот на вашата интеграција“, додава францускиот претседател. 

Тој вели дека е свесен оти со текот на времето, одложувањата и тешкотиите, оваа европска перспектива стана предмет на сомнежи. „Јас сум потполно свесен за длабочината и чувствителноста на прашањата што треба да се решат меѓу Северна Македонија и Бугарија. За време на Француското претседателство со Советот на ЕУ, како и за време на германското, португалското и словенечкото претседателство, не штедев напори да се најде решение кое ќе ги почитува интересите и достоинството на двете страни“, потенцира Макрон.

Според него, во Бугарија, нацрт-договорот беше предмет на интензивна дебата, но крајот бугарското Собрание знаеше да ја преземе одговорноста, со широко и надпартиско гласање. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Фатмир Бесими, министер за финансии

Бесими: Борбата со сивата економија ќе биде бескомпромисна

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница