Македонски Вахабисти и Албански Евангелисти (1) | Свет | DW | 16.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Македонски Вахабисти и Албански Евангелисти (1)

Со оглед на ограничената влијателност во САД и христијанската колоритност во Европа, тешко е да се очекува дека култот на евангелизмот ќе ги избегне истите стапици во кои западна тоталитаризмот на вахабизмот.

Најбитните, проникливи и највлијателни автори во арената на светската политичката мисла денес се всушност двајца језуитско-протестанстки свештеници блиски до папата Франциско. Двете струења со најзначаен подем во политичкото подземје на Македонија денес се евангелизмот и вахабизмот. Освртот кој следи цели да даде поширока слика за идентитетските игри кои се случуваат околу нас.

Антонио Спадаро (католик језуит) и Мануело Фигуероа (протестант презбитеријанец) се автори на два написа објавени во весникот La Civilta Cattolica близок до Светата Столица во кои критички го третираат подемот на евангелизмот во сферата на политиката. Во првиот напис, "Евангелистичкиот фундаментализам и Католичкиот интегрализам во САД – Изненадувачки Екуменизам” (13 Јули 2017), Спадаро и Фигуероа даваат остар критички осврт кон "екуменизмот на омразата” помеѓу конзервативните евангелисти и католици во САД и нивната подршка кон Доналд Трамп базирана врз "ксенофобна и исламофобна визија која бара зидови и прочистувачки  депортации”. Според авторите, целта на критиката е "желбата за религиско влијание во политиката”, базирано врз учењата на основоположителот на "христијанскиот реконструкционизам" во САД, контроверзниот пастор Русас Џон Рашдони (1916-2001). Додека пак денеска спроведувано во дело од страна на Стив Бенон, екс-советникот на Доналд Трамп, чии стратегии се именувани како ”апокалиптични гео-политики”.  Во основа, според Спадаро-Фигуероа, "доктринатана Рашдони промовира теократскопредавање на државата во рацете на Бибилијата, со логика која не е различна од онаа која ги инспирира Исламистичките фундаменталисти." Правејќи паралела со подемот на конзервативниот евангелизам, авторите преупредуваат дека "тео-политиката ширена од страна на ИСИС се базира врз истиот култ на апокалипса која мора да се случи час поскоро.

Американскиот сон, господ и армијата

Вториот напис на двоецот Спадаро-Фигуероа е објавен годинава во истиот весник со наслов "Просперитетно Евангелие – Опасно и Различно” (18 Јули 2018). Според написот, "просперитетното Евангелие е псеудо-теологија, опасно поврзана со тнр. американски сон и политиките на Трамп”. Написот ја разјаснува подлогата на "Просперитетниот евангелизaм” (и поврзаноста со "Американскиот сон”) базиран врз учење дека Господ сака неговите следбеници да бидат богати, што е во директен контраст со вистинското христијанство и акцентот на Папата Франциско врз сиромашните, социјалната правда и спасението. Според нив, "евангелизмотима перверзен ефект врз сиромашните”, "го потикнува индивидуализмоти го руши чувството на солидарности промовирачудотворно-базиран светоглед дека само верата  - а не социјалниот и политички ангажман – можат да обезбедат просперитет.” Толкување кое е тесно поврзано со медиумската култура на проповедништво кое ги убедува своите следбеници дека ќе се збогатат доколку даруваат пари за нивните теле-евангелисти. Понатаму во овој крајно критички осврт кон идеологијата на евангелистите, авторите тврдат дека таа е во служба на политичкиот модел на Америка според Трамп. 

Токму во овој дел, авторите ја обмислуваат и нудат првата, сумирана дефиниција на "Доктрината на Трамп”, заснована врз обраќањето на Трамп кон нацијата во јануари 2018: "Заедно, ние го откриваме американскиот модел. Во Америка знаеме дека верата и семејството, а не владата и бирократијата, се центрите на американскиот живот. Нашето мото е во ГОСПОД веруваме'. Ние ја славиме нашата полиција и АРМИЈА.” Свето тројство на Евангелизмот според Трамп: американски Сон, Господ и Армија.

Појавата на христијанскиот фундаменталистички евангелизам датира од почетокот на 20 век и калифорнискиот милионер Лајман Стјуарт, автор на збир написи "Фундаментите” (1910-15) како "одговор на модернистичките идеи на современието”. Според ова учење, САД се нација благословена од Господ, додека пак економскиот раст на земјата се заснова на буквално придржување кон Библијата. Во времето на Стјуарт, модернистичките закани по САД беа афро-американските и граѓански движења. Подоцна тие беа заменети со хипи движењето, комунизмот, феминизмот итн. Денеска таа улога ја играат имигрантите и муслиманите. Според Спадаро-Фигуероа, "интересен аспект на овој однос кон креативизмот на овие евангелистички групи е што тие се претежно белци од длабокиот американски југ" кои проповедаат "доминионизам”.

Други колумни од авторот:

Твит-твит ја порази тик-так

Но, референдумот може да успее

Идејата на доминионизмот

Идејата на доминионизмот се заснова врз идејата на инситуирање на нација под владеење на христијаните, првично претставена од калвинистичкиот теолог Русас Џон Рашдони во 1960г. Познат по тоталитарниот  мајндсет, Рашдони проповеда дека во расниот сегрегационизам "законот е хуман и несентиментален и признава дека некои луѓе се по природа робови и такви ќе бидат засекогаш”. Според Мишел Голдберг од Њујорк Магазин, "доминионизмот подразбира право дадено од Господ да се владее над сите земски институции.” И повторно, слично како Спадаро-Фигуероа, и Голдберг подвлекува дека "доминионизмот е повеќе политички отколку верски феномен., сличен на политичкиот Ислам, кој го осмислува активизмот на разни антагонистички фундаменталистички движења, од Суни вахабизмот до шиитскиот фундаментализам.” Следејќи ја таа споредбена паралела помеѓу овие две (навидум) спротивставени верски струења (евангелизмот и вахабизмот), не изненадува заклучокот на Голдберг дека "за верниците во доминионизмот, владеењето на не-христијани е сквернавење”.

Причината за алармантноста на двата написа на Спадаро-Фигуероа е сепак пооплиплива од чисто екуменската грижа за скршнувањето од правиот христијански пат на американските католици. Барем судејќи според подемот на подршката на италијанските католици за популистите на Салвини и падот на популарноста на Папата Франциско од 88% (2013) на 71% (2018) како резултат на длабоко спротивставени ставови по прашањето на имигрантите. Алармот вклучен низ европските естаблишменти по искажаните намери на Стив Бенон за "обединување на десницата” е дополнителен фактор за загриженост од реплицирање на Трамп-моделот на популизмот ширум стариот континент.

Сепак, токму таквиот обид на Бенон и армадата на десничарскиот евангелистички фундаментализам за покорување на Европа може да прерасне во бумеранг по глава на самите предводници. За разлика од американскиот пристап на евангелизмот базиран врз расата и религијата, европското искуство на христијанството е сепак со силен историски бекграунд на дефинирани национални идентитети. Иако христијанството е духовна спона на поврзување на супра-национално ниво, националниот идентитет е клучниот фактор на дефинирање на суштината на внатре-политичките двигатели за подемот на европските алт-десници. Тешко е да се замисли дека духот на алт-десницата базиран врз опонирање на една супра-национална идеја како ЕУ, ќе може да така лесно се согласи – и пред гласачите да ја продаде – идејата за друга супра-национална идеја на пан-христијанство. Дотолку повеќе што проблемот со имиграцијата на "кафеави и ориентални” е сепак епизода во замирање, додека пак историските меѓу-национални дилеми и меморабилии биле и сѐ уште се традиционална константа на европските национални идеи.

Култот на евангелизмот

Речиси идентично со идејата на култот на Вахабизмот вперен кон ништење на арапските – и други - национални идентитети ширум исламскиот свет, целта на култот на евангелизмот е гушење на националните дистинкции во христијанскиот свет и нивно ставање под една единствена идеа на доминионизам. Вахаби-концептот на калифатство доживеа дебакл во светот на Исламот и ја заживеа националната идеја како фундамент на арабизмот и автохтониот, национален ислам. Со оглед на ограничената влијателност во САД (зајакната поради администрацијата на Трамп) и христијанската колоритност во Европа, тешко е да се очекува дека култот на евангелизмот ќе ги избегне истите стапици во кои западна тоталитаризмот на вахабизмот.

Следствено, подемот на евангелизмот е само дел од современите движења на фаворизирање супра-национални идеологии на сметка на потиснување на националните сентименти. Иако навидум спротиставени во манифестирање на идео-религиозните разлики, нивната споделена матрица на размислување се разобличува низ споделените карактеристики – инспирирани од тесни кругови на култ идеологии, финансирани од национално-државни тајкуни, пробивање преку експлоатација на регионални и национални невралгични точки и споделен анимозитет кон Католичката црква како најстара и глобално највлијателна црковна институција позната по подршката на националните ренесанси низ речиси сите континенти. Без оглед дали станува збор за Отоманизмот на Ердоган / Давутоглу, отвореното општество на Џорџ Сорос, калифатскиот исламизам на Вахабизмот или доминионизмот на Евангелистите, идејата е една и споделена – рушење на национал-либералните идеи не како цел, туку како механизам за рушење на националните идентите во полза на замислени и болно поедноставени црно-бели прикази на светот и неговата комплексност. Накусо, подемот на тоталитарните пан-религиски движења е логична траекторија на идеите на Самуел Хантингтон, зачнати со глобалните струења на "Судир на Цивилизациите”. Сега прекршени врз интра-националните демографски и расни триења и судири најавени во неговата последна книга "Кој сме ние?Предизвици кон американскиот национален идентитет”. Книга посветена на од Хантингтон дефинираниот "Човек од Давос” како персонификација на "глобалните елити кои имаат малку интерес за национална лојалност; кои нациионалните граници ги сметаат како пречки во замирање и кои националните влади ги сметаат како остатоци од минатото чиј единствена употреблива функционалност е да ги овозможат глобалните операции на елитите

Звучи познато, нели ...

Продолжува.

 

DW.COM

Реклама