Македонската возачка дозвола ќе биде признаена во Германија | Северна Македонија | DW | 26.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Македонската возачка дозвола ќе биде признаена во Германија

Македонската влада на денешната седница ја усвоила декларацијата со која се отвора патот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Германија

Македонските државјани во Германија конечно можат да здивнат. По долги преговори меѓу Министерството за внатрешни работи и германското Министерство за сообраќај постигнат е договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи од сите категории.

Договорот ќе стапи во сила откако ќе го потпишат надлежните министри од двете земји. Владата соопшти дека ќе бидат признаени возачките дозволи на сите полнолетни лица со важечки дозволи.

Гледај видео 01:09

Заев: македонските возачки дозволи ќе бидат признаени во Германија

Единствен услов за македонските граѓани е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината.

Декларацијата за признавање на возачките дозволи требаше да биде потпишана уште во февруари годинава за време на посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин. Но, тоа не се случи поради технички проблеми во преговорите. Главниот проблем беше што во Македонија се бара лекарско уверение при полагање за возачка дозвола, и истото правило требаше да важи и при преведувањето на германските дозволи - нешто што за германската страна беше неприфатливо.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама