Македонија чувар на европските граници | Македонија | DW | 29.12.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија чувар на европските граници

Република Македонија се претвора во чувар на Шенген-границите на Европската унија. Француската национална телевизија Франс 3 ги запозна телевизиските гледачи со тоа како Македонија ги чува европските граници.

default

Гранциата меѓу Македонија и Грција

Репортажата на Франс 3 започнува на граничниот премин Богородица, на стотина метри од Грција – вратата на Елдорадо на сите оние кои сакаат да дојдат во Европа.

За многумина патот завршува на границата меѓу Македонија и Грција

Секоја година, илјадници илегалци се уапсени во нивните обиди да ја поминат границата пешки или пак скриени во камиони со двојни прегради, па дури и скриени под возилата. Француската новинарска екипа објаснува дека најголемиот број од илегалците се Албанци од Албанија, на кои не им треба виза за влез во Македонија. Но има и Кинези, Ирачани и Курди кои влегуваат преку Косово и Србија.

Нивното зборно место е Скопје, каде најголемиот број од нив со такси заминуваат кон пограничните градови со Грција, како во случајов Гевгелија. „Во ова такси-возило, кога го запревме имаше четворица албански илегалци. Шоферот беше наш државјанин.“ - раскажува командирот на пограничната полиција Стојче Трајков.

Осумдесетте полицајци кои работат под командата на Трајков, се задолжени за набљудувањето на 50 километри од границата. Границата со Европа не е тешка за премин, на граничната линија меѓу Македонија и Грција нема никаква пречка, освен полските насади, покажува камерата на француската телевизија.

Разбиени повеќе мрежи

Полицијата редовно апси илегалци и водичи, новинарот на Франс 3 нагласува дека македонската полиција, разбила повеќе мрежи за илегално преминување на границата. Но со трговијата со луѓе се заработува многу, од 500 до неколку илјади евра за еден премин. Затоа и молкот кај локалното население.

Но во Скопје, македонската Влада не ги затвора очите. Соработката со Европската унија е главниот приоритет.

„Реалност е дека Македонија е надворешна граница на Европската Унија, така можеме да кажеме дека Македонија е дел од штитот кој ја заштитува Европа“ – вели за француската телевизија Иво Котевски порт-паролот на министерството за внатрешни работи.

Македонија добар ученик на ЕУ

Македонија се претвори во чувар на европските „Шенген граници“. - „Оваа одговорност е тешка. Но денес, Скопје не ја крие својата намера да биде „добриот ученик на Европа“, за да стане нејзин дел колку што е можно побрзо. “- констатира на крајот од репортажата новинарот на телевизијата Франс 3.

Реклама