Македонија – деветолетка
3 септември 2007Реклама
23.000 првооделенци во Македонија од денеска почнуваат да учат според новиот концепт на деветолетка. Според него образовниот процес ќе се одвива во три наставни целини по три години, а со него се опфатени сите деца со наполнети пет години и осум месеци. Со тоа се надоместува дефицитот во претшколското образование, со кое до сега беа опфатени само 11% од децата. Министерот за образование Сулејман Рушити апелираше до родителите да не се грижат за нивните деца, бидејќи тргнуваат порано на училиште. „Нашата мисија е хумана, зашто работиме за подобрата иднина на новите генерации. Сакаме да им обезбедиме услови што ги бара современото учење и модерното општество„ – нагласи надлежниот министер Рушити.