Македонија: Во среда ќе биде потпишан Пристапниот протокол за НАТО | Северна Македонија | DW | 02.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Македонија: Во среда ќе биде потпишан Пристапниот протокол за НАТО

Амбасадорите на 29-те земји членки на НАТО во среда, 6 февруари, ќе го потпишат протоколот за пристапување на Македонија во Северно-атлантската воена Алијанса.

Според најавите од Брисел на церемонијата на потпишување на Пристапниот протокол со македонија во седиштето на Алијансата ќе присуствува и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Покрај тоа предвидено е по потпишувањето на документот, генералниот секретар на НАТО Јенс Стлтенберг и македонскиот министер да одржат аедничка пресконференција.

По потпишувањето на Пристапниот протокол, Македонија ќе учествува на состаноците на НАТО без право на глас, а полноправна членка ќе стане откако парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата ќе го ратификуваат протоколот.

Повеќе:

-Столтенберг: Очекувам сите сојузници да го потпишат Протоколот за Македонија

-Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО

-Македонија на курс кон НАТО и ЕУ

Со Договорот од Преспа е предвидено тоа прва да го направи Грција, што би можело да се случи веќе два дена подоцна, во петок на 8 февруари. Седум дена откако Грција ќе го ратификува протоколот, Македонија официјално ќе го промени името во Северна Македонија.

 

DW.COM

Реклама