Мадуро бара помош од папата, Ватикан од Москва | Свет | DW | 23.08.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Мадуро бара помош од папата, Ватикан од Москва

Претседателот на Венецуела, Мадуро го повика папата Франциско да помогне со оглед на „воените закани“ од САД, во момент кога расте меѓународниот притисок поради погубната политичка криза со која се соочува Каракас.

„Можеби папата би можел да ни помогне да го спречиме Доналд Трамп во испраќање трупи во Венецуела. Го молам папата за помош против воената закана од САД“, рече венецуеланскиот претседател Николас Мадуро на пресконференција во Каракас.

Претседателот на Венецуела минатата недела ги критикуваше коментарите на Трамп за „воена опција“ за Венецуела и потврди дека останува на своето барање да разговара со Трамп.

Мадуро тогаш, истотака, им нареди на своите воени сили да изведат национална вежба како реакција на евентуалната американска воена акција, а најавено е оти вежбата ќе биде одржана на 26 и 27 август.

Мадуро, покрај тоа најави дека наскоро ќе ја посети Русија и ќе разговара со тамошните високи државни претставници.

Мадуро изјави оти со руските официјални претставници, меѓу останатото, ќе раговара за енергетика и одбрана. Мадуро рече и дека рускиот претседател Владимир Путин е најпопуларен лидер на светот и оти е „човек на мирот“. Претседателот на Венецуела одржува добри политички и економски односи со Русија во екот на тензиите со САД.

Главниот дипломат на папата, кардиналот Пјетро Паролин, пак ја охрабри Русија да посредува во од криза потресената Венецуела. Паролин смета дека Русија може да помогне во решавање на кризата во јужноамериканската држава, зашто е тесно поврзана со земјата. Државниот секретар на Ватикан на вчерашната средба во Москва со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, порача дека страните во конфликтот во Венецуела проблемите можат да ги решат само преку преговори.

 

DW.COM

Реклама