Лондон се подготвува за „цунами“ од Ковид-19 пациенти | Свет | DW | 26.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Лондон се подготвува за „цунами“ од Ковид-19 пациенти

Болниците и лекарите предупредуваат дека наскоро ќе бидат „прегазени“ од пациенти заразени од коронавирусот во Лондон. Британија се подготвува за пикот на кризата. Болниците се жалат на недостаток на респиратори и опрема

Додека Владата е соочена со повици итно да набави специјална заштитна опрема и тестови за здравствените работници, научниците предупредуваат дека илјадници нови респиратори ќе дојдат предоцна.
Британија на почетокот усвои лесен пристап кон епидемијата на коронавирусот, но подоцна усвои поостри мерки, вклучително и тринеделно ограничување на движењето, откако почна да расте бројот на заразените. До средата беа регистрирани речиси 12 илјади случаи, а бројот на жртвите достигна 578 луѓе.
Првиот човек на здружението на болниците во британскиот здравствен систем, Крис Хопкинс вели дека имало „експлозија“ на пациенти во главниот град. Од болниците велат дека забележале „бранови“ на прием на сериозно болни пациенти, а најголемиот наплив се очекува во следните недели.
„Зборот кој често се употребува е континуирано цунами“, вели тој. 

- Коронавирусот и етиката: Кого да спасуваат лекарите? 

Проценките се дека официјалните статистики претставуваат само мал дел од вистинскиот број инфицирани во Британија, затоа што се тестираат само оние пациенти во болниците со тешки симптоми на Ковид-19.

Премиерот Борис Џонсон во понеделникот нареди затворање на сите несуштински бизниси и услуги, и забрани собири на повеќе од две лица. Но и покрај препораките да се седи дома, лондонското метро е преполно со луѓе кои не можат да работат од дома, особено градежни работници без договори.

Здравствените работници се жалат на недостаток на опрема за лична заштита, но велат и дека недоволното тестирање на пациентите но и на персоналот го зголемува ризикот за сите.
„Доколку сакаме болниците да го преживеат ова, итно ни треба заштитна опрема. Инаку ќе бидеме јагниња за колење“, напиша еден лекар во весникот Дејли мејл. 

- Специјалниот пат на Шведска во кризата со коронавирусот

Владата соопшти дека испратила 7,5 милиони парчиња заштитна опрема во последните 24 часа, но сега се јавува и проблемот што многу медицински лица пријавуваат отсуство.
Британското здравство има околу 8.000 респиратори, а владата нарачала уште толку. Но, според премиерот Џонсон, тие ќе стигнат за неколку недели или месеци.

Професорот по епидемиологија Нил Фергусон вели дека респираторите ќе бидат најпотребни за две до три недели.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама