1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Serbien l Kirchen in Belgrad l Dom des Heiligen Sava
Литургијата ќе се одржи во храмот „Свети Сава“Фотографија: Dragoslav Dedovic/DW
Религија

Литургија за помирување на МПЦ-ОА и СПЦ

ЕМФ | МИА
19 мај 2022

Во храмот „Свети Сава“ во Белград денеска треба да се одржи литургија на помирување на Македонската православна црква и Српската православна црква. Македонските владици во Белград беа пречекани со биење на камбани.

https://www.dw.com/mk/%D0%BB%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BF%D1%86-%D0%BE%D0%B0-%D0%B8-%D1%81%D0%BF%D1%86/a-61845783

Литургијата во Белград треба да започне во девет часот, а српскиот патријарх Порфириј, како што наведуваат српските медиуми, го повикал „верниот народ“ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија.

Македонските владици вчера беа пречекани со биење на камбани, а поглаварот на Српската православна црква на Инстаграм напиша:

„Како што ѕвонат ѕвоната на Светосавскиот храм, така и нашите срца бијат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добредојде брату архиепископе Стефан и владици. Добредојдовте во заедница на љубов, вие и сиот ваш богољубив народ. Браќа сме и само браќа!“

Портпаролот на Македонската православна црква, владиката Тимотеј, вчера (18.05) изјави дека е прифатена „поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија“.

Тимотеј, по координативниот состанок на Светиот синод во врска со одлуката на СПЦ за прогласување канонско единство со МПЦ-ОА, посочи дека МПЦ на литургијата ќе ја предводи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и тројца митрополити, во ранг најстарите, во придружба на неколку нивни соработници.

- повеќе: Тимотеј: СПЦ до Вартоломеј треба да испрати предлог за автокефален статус на МПЦ-ОА

Тој изјави дека со ова се воспоставува единство не само со СПЦ, туку и со останатите православни цркви и додаде дека е тоа еден чекор до очекуваното конечно постигнување на посакуваната цел – автокефалност на МПЦ.

- повеќеПендаровски му се заблагодари на Вартоломеј за признавањето на МПЦ-ОА

Според Тимотеј, до крајот на месецов се очекува сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Москва Анексија Украина

Путин потпиша анексија на четири украински региони

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница