Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бара час поскоро да има предвремени избори | Северна Македонија | DW | 19.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бара час поскоро да има предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави активности за распишување на предвремени избори и соопшти дека се подготвени да разговараат и за воведување на една изборна единица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Охрид побара час поскоро да се случат предвремени парламентарни избори. Тој  најави активности за распишување предвремени избори и соопшти дека се подготвени да разговараат и за воведување на една изборна единица

„Ова парламентарно мнозинство и владата на ДУИ администрирана од Ковачески се одржува на вештачки начин“, изјави денеска претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој најави дека наскоро опозициската партија ќе предложи и активности за што поскоро распишување нови избори. „Подготвени сме и до парламентот ќе доставиме измени на Изборниот законик, во кои што нема да има техничка влада односно 100 дена губење време на граѓаните, туку ќе го користиме оној уставен рок од 45 до 60 дена“, вели Мицкоски. 

Тој е дециден дека ВМРО-ДПМНЕ не се противи до изборите да биде актуелната Влада. „Ако се исплашени нека остане Спасовски министер за внатрешни работи, нека остане новиот министер за труд и социјала… Нема да има од опозицијата заменици во земјоделство, финансии, во информатичко општество, нека остане оваа влада каква што е и да одиме на предвремени парламентарни избори“, вели првиот човек на опозициската партија.

Наспроти барањата на опозицијата, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во гостување на телевизија 24 Вести, порача дека Владата има повеќе шанси да го заврши мандатот, отколку да се оди на предвремени избори, и дека е чесно да им се даде шанса на новите луѓе во владата да покажат што знаат.

Реагираа и од владејачката партија. Од СДСМ велат дека Мицкоски треба да „прекине да опструира“ и порачуваат дека избори нема да има.

 

Поврзана содржина