Кој ќе го штити Уставот - Уставниот суд остана со само петмина судии | Северна Македонија | DW | 30.12.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Кој ќе го штити Уставот - Уставниот суд остана со само петмина судии

Уставниот суд од јануари ќе остане со петмина судии, претседателката Добрила Кацарска апелира да се пополнат испразнетите места.

Седиштето на Уставниот суд на РСМ

Седиштето на Уставниот суд на РСМ

Уставниот суд идната година ќе ја започне со речиси преполовен состав. На тројца од вкупно девет судии им заврши мандатот, а од јануари судот кој е заштитник на владеењето на правото, ќе остане само со петмина судии. 

Но, и покрај тоа што кубури со кадар, судот годинава решил 173 предмети, а работел и на заостанати предмети. Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска, на прес-конференција апелираше да се комплетира судот, бидејки не можат да гласаат закони за кои е потребно двотретинско мнозинство.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието за време од девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

„Во име на Уставот и неговото бескомпромисно почитување и штитење барам и апелирам до Собранието да се изберат нови уставни судии затоа што во прашање ќе го доведат легитимитетот на идните одлуки, но секако и квалитетот, а особено довербата на граѓаните во Уставниот суд што следствено значи губење на доверба во правниот систем“, вели Кацарска.

Застој и одложување на предмети

Сериозна ќе биде состојбата доколку судот биде доведен да одлучува во неколку исклучителни ситуации за кои е нужно двотретинско мнозинство, односно шест судии, тоа е случај за имунитет и одговорност на претседателот на државата и избор на претседател на Уставен суд.

Оваа состојба, според Кацарска, веќе се одразува со негативен ефект врз работата на Судот. Изминатиот период биле целосно одложени 11 предмети за кои се чека полн состав. Полн состав чекаат деловникот за работа на Владата, предмети за слободи и права, закон за ЈО, закон за даноци за моторни возила за данокот за конзуларни претставници, закон за процена, одлука за додатокот на пратениците, ДУП Гостивар, закон за облигациски односи, закон за високо образование...

За да има одлука, потребни се најмалку петмина судии, но никој не може да грантира дека сите петмина ќе бидат едногласни во одлуките, а и не е правило затоа што квалитетните одлуки се засновани врз дебата, различни мислења и толкувања.

Кацарска вели дека врз неа, како прв човек на судот немало политички притисок, ниту имало некакво влијание врз неа. „Можам да гарантирам за себе, дека никогаш, никој, ниту влијаел, ниту некогаш ќе може да влијае над мене. Убедена сум дека нема политички притисок и кај останатите судии на Уставниот суд, но сепак, секој одговара за својата работа“, вели Кацарска.