Косово: Размена на територии би имала огромни последици за Балканот | Информации и анализи за Балкан | DW | 04.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Косово: Размена на територии би имала огромни последици за Балканот

Она што косовскиот претседател Хашим Тачи го нарекува „корекција“ на границата, фактички значи размена на територии, вели за ДВ експертката за Косово и Балканот, Јохана Дајмел.

Изјавите на косовскиот претседател Хашим Тачи за потребата од „редефинирање“, односно „корекција“ на косовската граница со Србија, предизвикаа бранувања во регионот.

Повеќе: 

Тачи потврди дека ќе му предложи на Белград размена на територии

Вучиќ предлага поделба на Косово и размена на територии?

Д-р Јохана Дајмел, заменик директор на Друштвото за Југоисточна Европа и експерт за Косово и Балканот, за Дојче веле оценува дека такво нешто би значело опасна ескалација:

Johanna Deimel Balkan-Expertin von der Südosteuropa-Gesellschaft (Privat)

Јохана Дајмел, експертка за Косово и Балканот

„За ЕУ, Брисел и Вашингтон поместувањето на границите секогаш претставувало црвена линија. 'Корекцијата' на границата, како што претседателот Тачи го нарекува отвореното прашање за приклучување на Прешевската долина (кон Косово, н.з.), фактички значи размена на територии со огромни последици - за Македонија, која само што доби покана за членство во НАТО, за Босна и Херцеговина и за Србите кои на Косово живеат јужно од Ибар.

Дестабилизација не е и не смее да биде во интерес на ЕУ и нејзините членки, како ни за регионот. Сега, повеќе од 10 години по прогласувањето независност на Косово, идејата за приклучување на Прешево и откажување од северот на Косово би претставувала опасна ескалација. Таквата идеја е провокантна. Доколку во Вашингтон зад затворени врати навистина се водат сериозни предразговори за некаква размена на територии, Брисел ќе ја загуби контролата. Последица на тоа би била банкрот на сите иницијативи за изедначување и приближување во европска смисла, вклучително и Бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина“, вели Дајмел за ДВ.

Заседание на Српскиот совет за безбедност

Во Белград денеска заседава српскиот Совет за национална безбедност, кој според наводите на српскиот претседател Александар Вучиќ, е свикан поради „сознанија за упад на Албанци на северот на Косово“. На седницата, според медиумите, се разговара за заштитата на српските интереси на Косово и за безбедносната ситуација.

Повеќе: Србите се „уморни“ од Косово

До нови тензии на релација Белград-Приштина дојде во пресрет на рокот кој ЕУ ѝ го даде на Приштина за изработка на нацрт Статут на Заедницата на српски општини врз основа на Бриселскиот договор. Во приштинските медиуми имаше информации дека Србите од северот на Косово денеска ќе прогласат автономија, додека белградските медиуми пишуваат дека Албанците ќе се обидат да ја заземат хидроцентралата „Газивода“.

Агенцијата ДПА јави дека силите КФОР денеска ги блокирале приодите кон браната „Газивода“. Се работи за вежба, изјавија војниците за српската телевизија РТС.

DW.COM

Реклама