Коронавирус: Навала во центрите за тестирање | Информации и анализи за Германија | DW | 06.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Коронавирус: Навала во центрите за тестирање

Додека Германија за време на Велигден главно беше во мирувачки модус, корона-центрите за тестирање работеа на многу места со полна пареа.

„Ќерката малку се плаши, направила тест во училиште и смета дека било малку непријатно“, вели Јута Пилс. Заедно со нејзиниот маж Андре, синот Стефан и ќерката Каролин, на Велигден ја сретнавме во тест-цетарот во Соест, град со 50.000 жители во Северна Рајна Вестфалија. Семејството Пилс беше да се тестира на коронавирус за попладнето да се сретне со фамилијата за Велигден, па сакаше да се чувствува посигурно. Тие не се единствени во оваа желба.

Центарот за тестирањебележи експоненцијален раст на граѓани со желба да се тестираат. „Пред два месеци, кога почнавме, доаѓаа по пет-шест луѓе за брз тест“, се присеќава Паул Гринеберг, кој меѓу другото е одговорен и за ИТ на тест-центарот, се нарекува „девојка за сѐ“. За велигденските празници имале 3500 закажани термини.

Гледај видео 01:18

Тест за коронавирусот со врескање

Бум на тестирањето

Кога го слушате Паул Гринеберг, имате впечаток како да станува збор за раководител во големо претпријатие. Ангажиран е дополнителен персонал, постои загриженост дека големата побарувачка за термини преку веб-страницата ќе ја загрози стабилноста на системот. Притоа, Паул Гринеберг има 16 години, тој е ученик и – моментно и менаџер. Тест-центарот е сместен во просториите на Извидничкиот сојуз.

Раководител на центарот за тестирање е Ралф Вишневски, инаку е пожарникар, санитарец за итна помош и доцент за итна медицина. Тоа стои на неговата интернет страница. Тој врши обука и на млади луѓе и така го запознал Паул Гринеберг, со кого денес го води тест-центарот. И не само него. Ралф опслужува уште два центри за тестирање во регионот, училишта и градинки, а додава: „Работиме и со други институции, претпријатија, на трошок на фирмите вршиме тестирање.“

Тукушто набавиле и шатор, за да можат мобилно да тестираат што повеќе луѓе. „Имаме 35 работни места, од нив половината се со полно работно време“, вели Ралф Вишневски. Се чини дека луѓето деновиве навалија на тестирање, онака како што посакува и политиката. Сѐ додека не можат да бидат вакцинирани доволно луѓе, интенцијата е да се тестираат во што поголем број. Еднаш неделно секој има право на бесплатен тест, цената од 18 евра, колку што чини тестот, ја плаќа во тој случај покраината Северна Рајна Вестфалија.

Гледај видео 01:46

Во авион за Германија само со негативен ковид-тест

Тестирањето тече, вакцинацијата во застој

Семејството Пилс за неколу минути е надвор од центарот, така е и предвидено, термините се даваат на петминутен такт.

„Помило ќе ми беше ако се оди нанапрде со вакцинирањето“, вели Михаил Шниге кој излегува од центарот. Самостојниот автомеханичар има 61 година и спаѓа во старосната група на граѓани кои од саботата можат да се регистрираат за вакцинација со АстраЗенека, барем теоретски. „Овде во Соест беше вистинска катастрофа“, вели Шниге. Прво се обидел да закаже термин преку интернет, потоа телефонски. „Речиси цел ден висев на телефон, постојано зафатено. Во 17 часот конечно добив линија на чекање, за по 35 минути да ми соопштат – сите термини се зафатени.“

Тој е еден од повеќето незадоволни во поглед на вакцинацијата. Критиката на германската стратегија на вакцинирање е голема, со оглед на недоволниот број вакцини против коронавирус, во првиот квартал се вакцинирани само 10 % од населението. Тестирањето пак тече одлично.

Додека Михаел Шниге го критикува хаосот со вакцинирањето, семејството Кордт со олеснување го напушта центарот за тестирање. Последните три недели за четиричленото семејство биле како некој кошмар.

Гледај видео 02:11

Брзи тестови за коронавирус - во ноќен клуб

„Пред три недели вечерта се сретнав со еден пријател, кој утрото направил брз тест“, раскажува Кристоф Корд. „Се немавме сретнато повеќе месеци, па поминавме неколку часа заедно“. Кратко потоа, пријателот бил позитивен на тест, зашто тестот секогаш е само моментална слика. 

По веста, Кристоф веднаш се изолирал, во спалната соба на првиот спрат поминал неколку недели, додека неговата жена Лина се грижела сама за едногодишното дете, а 12-годишниот син го пратиле кај бабата и дедото. Кристоф Кордт редовно се тестирал самиот. Прво тестовите за Ковид-19 биле негативни, по околу една недела наеднаш покажале позитивен резултат. Оттогаш почнал вистинскиот карантин од две недели.

„Тие три недели беа тешки“, вели Кристоф, но за среќа имал само лесен тек на болеста. Цело време сам во собата, без да може нешто да прави, знаејќи дека самиот претставува дури и товар. Сопругата Лина му оставала храна пред вратата. Тоа помина, вели Кристоф. Откако целото семејство доби негативен тест, можеа конечно за Велигден да бидат заедно. „Човек не може да си замисли колку долги можат да бидат три недели“, вели Кристоф.