Чиле – шампионот во вакцинирање од Латинска Америка  | Свет | DW | 15.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Чиле – шампионот во вакцинирање од Латинска Америка 

Во земјата на Андите масовната вакцинација започна на 3 февруари. Оттогаш веќе 1,5 милиони лица се вакцинирани против коронавирус. Како ли му успева тоа на Чиле?

Додека на многу места низ Европа вакцинацијата се одвива бавно, во Чиле, кое почна на трети февруари со масовна вакцинација, таа се спроведува со молскавична брзина. За досега најкусо време оваа јужноамериканска земја успеа да вакцинира дневно по 150.000, 180.000 па дури и 270.000 луѓе. Во декември прво беше вакциниран медицинскиот персонал, а пред една недела почна масовната вакцинација со што севкупниот биланс сега гласи: речиси 1.6 милиони вакцинирани Чилеанци.

За една релативно мала нација од 19 милиони, ова значи дека во моментов над 8% од населението се имунизирани, барем со една доза. Според веб-страната „Светот во бројки“ ("Our World In Data") само неколку држави меѓу кои Израел (70%), Обединетите Арапски Емирати (47%), Велика Британија (20%) или САД (14%) имаат повисока стапка на вакцинирани, но кај сите овие земји вакцинацијата веќе се одвива со недели.

Научникот и основач на веб страната, Макс Розер на Твитер напиша дека резултатите од Чиле се „воодушевувачки“. И претседателот Себастијан Пињера особено позитивно реагираше кога ја надминаа бројката од еден милион. „Им благодарам на постарите лица, на општините, на вработените во медицинските центри, на безбедносните и редарските сили, на сите. Ќе ја победиме оваа пандемија,“ рече тој. 

Гледај видео 01:41

Ковид-19 и (не)фер распределбата на вакцината ширум светот

Што прави Чиле исправно?

Министерот за здравство Енрике Парис за шпанскиот весник „Ел Паис“ изјави дека чилеанскиот здравствен систем има значително искуство со големи кампањи за вакцинирање. Уште од 1978 земјата има национален и “прилично робустен“ план за вакцинација. „Во Чиле никој не се вакцинира без да биде регистриран, со име презиме, лични податоци и вакцината која ја примил. На тој начин водиме прецизна статистика,“ појаснува тој.

При тоа оваа релативно богата земја предвремено нарача големи дози вакцини, меѓу другото и одБионтек/Фајзер, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон. Важна улога игра и кинеската корона-вакцина на Синовак. Оваа компанија заедно со Папскиот католички универзитет во Чиле договори во земјата да се спроведе студија за вакцината, а за возврат Чиле да добие предност при нарачка на вакцината КоронаВак. Договорени се 60 милиони дози за три години. Чиле од останатите производители ќе добие уште 30 милиони дози. Засега во земјата се одобрени и се користат вакцините на Бионтек/Фајзер и КоронаВак, додуша последнава им се дава само на оние меѓу 18 и 59 години бидејќи се уште нема релевантни студии за нејзина употреба кај постари лица. 

Chile Corona | Impfkampagne

И претседателот Себастијан Пињера се вакцинираше

Негодување на островот

Додека генерално властите добиваат пофалби за вакцинацијата во Чиле, единствено населението од Велигденските острови кои припаѓаат кон Чиле на почетокот на неделава го критикува лошото менаџирање на комуникацијата со копното. „Не разговараат со нас, не планираат со нас", вели градоначалникот Педро Едмундс Паоа. Тој забележува што им се давало приоритет на 85-90 годишни лица, бидејќи имало само петмина во таа возрасна категорија на островот со вкупно население од 5800 лица. Од друга страна пак, од избувнувањето на пандемијата на островот кој е 3500 километри оддалечен од копното, немало ниту еден потврден случај на инфекција со вирусот. 

Колективен имунитет до средина на годината?

На страницата на чилеанската влада се вели дека земјата има за цел во првиот квартал од годината да вакцинира пет милиони лица. До крајот на јуни треба да бидат вакцинирани 15 милиони лица, односно 80 проценти од населението. Ако земјата успее да го задржи актуелното темпо на вакцинации, може реалистично да се очекува исполнување на целта и Чиле би можело да стане една од првите земји со колективен имунитет против коронавирусот. Како и во многу други земји, таквиот имунитет се очекува со нетрпение. Во земјата на Андите имаше 770 илјади заразени и преку 19 илјади мртви од коронавирусот.

 

Реклама