1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вакцинација во Бутан на денот кој носи среќа 

ДТЗ /ДВ
4 февруари 2021

Иако првите контингенти со вакцини пристигнаа во Бутан, вакцинирањето на населението треба да започне дури во средината на март.

https://p.dw.com/p/3otsK
DW Dokumentationen | Bhutan
Фотографија: NDR/I. von Bernstorff/S. Ri

Иако првите контингенти за вакцини пристигнаа во Бутан, вакцинирањето на населението треба да започне дури во средината на март. Се чека денот од  будистичкиот календар, кој носи многу среќа. Генералниот совет на будистичките монаси во Бутан утврди дека времето помеѓу 14 февруари и 15 март е особено лошо за почетокот на вакцинацијата. Треба да се почека да помине тој период, објави Министерството за здравство на тоа хималајско кралство. Како причина се наведува дека сакаат да ги почекаат искуствата на другите земји. Концептот на бутанската влада предвидува вкупното население од 730.000 луѓе да се вакцинираат одеднаш. Исклучок ќе бидат деца и млади до 18 години, бремени жени и доилки. За останатите 530.000 лица потребни се околу 1,2 милиони дози на вакцина.

Индија помага

Бутан на 20 јануари доби 150.000 дози вакцина од Индија. Станува збор за вакцината на АстраЗенека произведена во индискиот град Пуна. Владата во Делхи ја донираше вакцината на сиромашните соседни земји, вклучително и Бутан, како дел од програмата „Најпрво соседите“. Освен Бутан, првите пратки ги добија и Малдивите, Непал и Бангладеш. Мјанмар и Сејшелите се исто така на списокот. Според извештаите на медиумите, Авганистан и Шри Ланка сè уште немаат издадено дозвола за таа вакцина. Властите во Бутан можат да си дозволат да почекаат за вакцинирање: пандемијата уште не се раширила. На почетокот на февруари, регистрирани се само 859 случаи на инфекција со коронавирус во Бутан, а евидентиран е само еден смртен случај поврзан со пандемијата.

Indien Impfstoff-Lieferung an Bhutan und Malediven
Индиските вакцини стигнаа во БутанФотографија: AP/picture alliance

Првата инфекција беше откриена во Бутан во март минатата година, кога германски турист го донесе вирусот од индиското соседство. Веднаш потоа, границите беа затворени за странски државјани. Но, студентите од Бутан кои се вратија дома од Велика Британија и други земји сепак придонесоа за ширење на инфекцијата.
Бутан воведе целосно затворање на крајот на минатата година, коешто во телевизиско обраќање до нацијата го објави премиерот Лотај Церинг. Според премиерот, надлежните манастирски области се должни рестрикциите да ги направат подносливи за населението.

Среќата е поважна од економскиот раст

Бутан е единствената земја во светот каде човечката среќа е поважна од економскиот раст. Во Уставот на Бутан пишува дека среќата се мери како бруто национална среќа. Националниот индекс на среќа беше официјално воведен во 2008 година.
Научните истражувачи на среќата редовно испраќаат студенти низ тој регион на Хималаите каде будизмот е државна религија. Тие им поставуваат на луѓето разни прашања, како на пример дали имаат доволно вода и дали се плашат од духови по заоѓањето на сонцето. 
Најновите анкети покажуваат дека 90 проценти од Бутанците се делумно, претежно или целосно среќни. Земјата има негативно салдо на емисиите на јаглерод диоксид и затоа е една од најчистите земји во светот.