Коронавирус: Берлин нуди лекување на македонски пациенти во Германија | Северна Македонија | DW | 18.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Коронавирус: Берлин нуди лекување на македонски пациенти во Германија

Министрите за одбрана на НАТО денеска договорија оперативен план за евентуален втор бран на Ковид-19. Министерката за одбрана Шекеринска вели дека Германија нуди лекување на пациенти.

Rumänien Coronavirus Das alliierte Flugzeug bringt 45 Tonnen Vorräte nach Bukarest

Помош од НАТО за справување со коронавирусот во Романија

Германија преку својата министерка за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер понудила лекување на пациенти од Северна Македонија во своите клиники, соопшти денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во екот на кризата со коронавирусот во Франција и Италија, Германија веќе ги отвори вратите за пациенти од двете земји, а сега истото им го нуди и на сите земји-членки на НАТО. Ваквата понуда Шекеринска ја добила пред повеќе од еден месец од нејзината германска колешка.

Radmila Sekerinska, Vertedigungsministerin, Nord-Mazedonien

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска

Оперативниот план кој денеска го договорија министрите за одбрана на 30 земји-членки на НАТО предвидува создавање на заеднички залихи на медицинска опрема и кризен фонд вреден милиони за инвестиции во критични медицински резерви, соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Клучната задача на НАТО за време на пандемијата е да се осигура дека „здравствената криза нема да прерасне во безбедносна криза“, рече Столтенберг.

DW.COM