Американски научници потврдија дека аеросоли кои ги испуштаат инфицирани со коронавирус може да содржат интактни делови од вирусот, односно патогени на Ковид-19, кои се заразни. Аеросоли се честици кои долго остануваат во воздухот, а настануваат при дишење, кашлање и кивање. Научниците од Универзитетот од Флорида во Гејнсвил предводени од Џон Ледники истражувале проби од воздухот во опкружувањето на двајца хоспитализирани пациенти на Ковид-19.
Дури и во пробите кои биле земени на растојание од 5 метри од пациентите имало активни САРС-Ков-2-партикули.
Преку генетски анализи било потврдено дека тие потекнуваат од пациентите во просторијата со респираторни симптоми на Ковид-19 и дека не се донесени од други делови од клиниката.
Потценетa опасностa од корона-аеросолите
Како коронавирусот се пренесува преку воздухот
Но, анализата не содржи сознанија за тоа дали вирулентноста е доволна за заразување на други лица. Супер-трансмитерски настани како проби на хорови укажуваат веќе подолго време на тоа дека вирусни патогени во аеросолите може да предизвикаат инфекција на лицата во близина. Истражувањето сѐуште не е објавено во стручен журнал, па оттаму не е проверено од независни вештаци.
-
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
-
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
-
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
-
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
-
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Исклучете се
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Автор: СН/дв
2 метра безбедносно растојание можеби е премалку
Генерално се смета дека ризикот за заразување со корона во затворени простории е значително поголем отколку на свеж воздух каде аеросолите побрзо се разредуваат. Научниците од Флорида во студијата укажуваат на тоа дека во затворени простории и држењето на метарипол до два растојание може да даде лажно чувство на сигурност. И Централната служба за заштита на околината во Германија смета дека аеросолите се еден можен начин на пренесување на вирусот. За да се намали ризикот од инфекција од оваа институција препорачуваат по секое кивање просторијата да се ветрее со провев. Тоа би важело како за домот, така и за канцеларија и училница. Комисијата за „Хигиена во затворени простории” покрај тоа советува во училиштата во секоја пауза да се проветрува „интензивно со широко отворени прозорци”, најдоцна по 45 минути настава.
Просториите во кои се тренира треба да се ветреат многу почесто, Комисијата препорачува пет пати во еден час. Ако заради семејна посета во домот се повеќе лица во една просторија, исто така треба повеќе пати да се ветрее.
Само да се држат прозорците постојано на „кип” во простории во кои има многу фреквенција на луѓе, не е доволно. Свеж воздух независно од другите мерки како заштитна маска, минимум растојание и правилата за хигиена е апсолутно неопходен.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Во тон
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Автор: Астрид Пранге, Сердар Фардар
Тестирани 14 видови на маски
Сепак не секоја заштитна маска за лице нуди подеднаква заштита од распрскување на заразени капки при дишење или зборување: додека хируршките маски, на пример, се исклучително ефикасни, шамиите не штитат толку добро. Овој заклучок произлезе од научната студија во која беа споредени 14 различни типови маски, објавена во магазинот „Сајенс Адвансес“.
На училиште со маска по летните горештини
Како се прават заштитни маски со филтер
Научниците од Дјук Универзитетот во Дурам, од американската држава Северна Каролина користеле едноставни методи: тестираните влегувале во темна соба пет пати по ред со различни маски и еднаш без и ги изговарале зборовите „Stay healthy, people" (Луѓе, останете здрави) во конус со ласерска светлина и тоа е снимено со камера. Со компјутерски алгоритам се пресметува бројот на исфрлени капки. Како најдобра се покажала заштитната маска од типот N95. Според студијата, количеството на испуштените аеросоли се помали од 0.1% од она без маска. Хируршките маски„“ловат“ околу 90% од нив. Самоизработените памучни маски во зависност од бројот на слоеви успеваат да запрат меѓу 70% до 90% од капките. Од друга страна преку шаловите може да спречи проток на само 50% од капките. Најлоши се покажале шамиите од флиз: тие дури и ги зголемуваат бројот на испуштени капки, што според податоците на истражувачите многу веројатно се должи на тоа што оваа ткаенина ги разделува поголемите капки во помали.