1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Како коронавирусот се пренесува преку воздухот

ЖА / дпа
7 мај 2020

Коронавирусот се шири и при зборувањето, опасноста зависи од начинот на кој зборуваме. Дали пак при џогирање вирусите „летаат“ на голема далечина?

https://p.dw.com/p/3btEJ
USA Jogger im Central Park in New York City
Фотографија: picture-alliance/S. Reboredo

Коронавирусот веројатно може да се пренесува при зборување. Американски научници извршиле експеримент со ласерска светлина: додека еден човек зборува пред параван со црна боја, од неговата уста прскаат ситни капки плунка, кои можат да содржат вируси, тие преку ласерската светлина се прикажувале во зелена боја.

„Влажноста“ на зборувањето зависи од гласноста и од изговорот на одредени букви, објаснува лекарката Клаудија Треидл-Хофман од Хелмолт центарот во Минхен и Институтот за еколошка медицина на Техничкиот универзитет во Минхен. Тоа важи посебно кај изговорот на букви како „Ц“. Ако инфициран човек стои пред мене и изговара збор со овие букви, постои голема опасност да ме зарази, вели Треидл-Хофман.

Како и останатите вируси, и Сарс-КоВ-2 се пренесува преку ситни капки, затоа првото правило гласи – држење растојание, како и носење заштитна маска. Иако, досега нема никаков научен докази дека едноставните маски кои го покриваат носот и устата, можат да ја спречат инфекцијата. Но, експериментите на американските научници покажуваат дека тие можат да ги запрат ситните капки кои се исфрлаат при дишењето. За таа цел, заради заштита на другите од инфицирање, во Германија важи задолжително носење маски при купување во продавници или во јавниот сообраќај.

Повеќе:

Експерти од Харвард: Летото нема да не спаси од коронавирусот

Коронавирус: новите симптоми и четирите фази на заболување

Лек за коронавирус од антитела на излечени пациенти

Коронавирус - што се крие зад метежот од бројки на инфицирани и како тие да се толкуваат?

Но, колку далеку „летаат“ овие ситни капки? Колкава е опасноста од заразување? И дали игра улога тоа дали луѓето се наоѓаат во затворена просторија или на свеж воздух, и со какво темпо се движат вирусите?

Новиот коронавирус сѐуште не е доволно испитан, но првите сознанија се базираат на истражувања и модели објавени изминатите денови. „Во сегашниот момент ова се уште шпекулации“, истакнува Треидл-Хофман. Сепак, студија од Кина укажува дека концентрацијата на коронавирус најчесто е повисока во затворен простор отколку надвор.

И коронавирусот „џогира“?

Научници од Белгија и Холандија неодамна објавија проценки според кои препорачаната физичка дистанца од 1,5 метри за да се избегнат ситните капки не е доволна кога е во прашање брзо движење, односно трчање. Оној кој трча со брзина од пет километри на час, треба да држи растојание од другиот од пет метри, џогерите со темпо од 14,4 километри на час дури и – десет метри.

Но, често овие проценки базирани на експериментални модели не се преносливи во секојдневието. Авторите на оваа студија за инфекција при трчање признаваат дека мора да се води сметка и за воздушните струења. Затоа, констатира и лекарката Треидл-Хофман, од вакви студии не може да се извлекуваат автоматски заклучоци за секој поединец.

И Бернард Вајганд од Институтот за термодинамика и воздушни и вселенски летови на Универзитетот Штутгарт вели: „Директно зад некој кој трча или зад велосипедист се создава воздушно струење и честичките се задржуваат во воздухот. Но, ако не возите баш како на Тур де Франс, не се приближувате толку блиску еден до друг.“

Овен тоа, овие студии-модели често не го земаат во предвид однесувањето на капките“, вели Вајганд. „Сосема ситните капки испаруваат во делови од секундата. Покрупните пак брзо паѓаат и не го следат струењето на воздухот.“ Од аспект на можно инфицирање, интересни се капките со големина од 30 до 40 микрометри, што одговара на пример на половина од дебелината на влакната од косата. На температура од 20 степени овие капки преживуваат 20 до 30 секунди. Моделите според кои станува збор за распространување во рок од повеќе минути, не соодветствуваат на реалноста. Освен тоа, важна е, покрај температурата и влажноста на воздухот, колку е таа повисока, толку побавно испаруваат капките. Генерално важи – колку е пожешко и посуво, толку е помал ризикот од инфекција.

Важно е каде стигнал вирусот

Решавачко е и тоа каде стигнале ситните капки во кои се содржи вирус, истакнува Треидл-Хофман. Од носот тие брзо се исфрлаат со кивање и секнење, но најголеми штети предизвикуваат ако се вдишат директно во белите дробови. 

Научниците преку спроведување нови експерименти сакаат да дознаат колкава е концентрацијата на вируси во воздухот околу инфицирано лице кое лежи мирно во кревет или кога е поставено на респиратор. Зашто, токму медицинскиот персонал се заразува зашто е особено изложен на вирусот. Но, овие испитувања се наоѓаат на самиот почеток.