Корејски конфликт: Разговори наместо ракети | Свет | DW | 10.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Корејски конфликт: Разговори наместо ракети

Првите директни разговори меѓу Северна и Јужна Кореја по цели две години донесоа придвижување во зацементираниот конфликт. САД и Кина мораат енергично да го поддржат ова приближување, смета Александер Фројнд.

Што сѐ е можно, ако се сака: по неколкумесечната воена реторика, непријателските корејски братски држави изненадувачки постигнаа согласност за директни разговори - а тоа дури и носи нешто: Северот испраќа неколку атлетичари на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја! Можно е дури и двете екипи ќе се движат рамо до рамо на стадионот, за време на церемониите на отворање и на затворање на Игрите, што еднаш веќе се случи на Азиските игри во 2002 година во Бусан, Јужна Кореја, и го воодушеви светот. Спортот како мост - од тоа им се топат срцата на функционерите.

Но, тука не станува збор само за спортската дипломатија. Многу поважно е дека братските држави конечно разговараат меѓу себе по две мачни години тишина. Така тие веднаш се согласија „жешката линија“ за воени телефонски разговори да биде повторно отворена, за да, на пример поради некое недоразбирање не дојде до несакана ескалација. И, можеби, за време на Зимските олимписки игри  ќе се случи дури и средба на семејства кои живеат раздовоено во двете Кореи од крајот на Корејската војна во 1953 година. Соодветно на тоа, Русија и и Кина, силата заштитничка на Северна Кореја реагираа со олеснување.

Повеќе на темата:

-Северна и Јужна Кореја повторно водат директни разговори

-Директни разговори на Северна и Јужна Кореја

-Приближување меѓу Северна и Јужна Кореја

Ким на целта

Ова е неверојатен развој на настаните откако севернокорејскиот властодржец  Ким Јонг Ун и американскиот претседател Трамп, претходно со месеци меѓусебно се провоцираа со ракетни тестови, воени маневри, санкции и лични навреди. Но, ова срамежливо приближување, всушност и не е вистинско изненадување, зашто дојде до придвижување на утврдените фронтови: Ким Јонг Ун воопшто не е пореметен „лансирач на ракети“, кој ја води неговата земја до работ на нуклеарна војна, туку лукав стратег. Со своите нуклеарни и ракетни тестови тој ја донесе Северна Кореја токму онаму каде што сакаше: на преговарачката маса.

Сега ништо не им стои на патот на директните разговори. И Ким може да ги води од позиција на моќ: самата потенцијална опасност неговите ракети да стигнат до територијата на САД е доволна за Северна Кореја да биде сфатена сериозно. А за директните соседи Јужна Кореја и Јапонија, непресметливите провокации и без тоа се многу опасни. Според тоа, Ким ќе се држи до својата нуклеарна и ракетна програма. Зошто би требало да се откаже од неговата закана, само затоа што „дементираниот американски старец", како што го нарекува Трамп, упорно подбуцнува и се заканува со целосно уништување на Северна Кореја?

Freund Alexander Kommentarbild App

Александер Фројнд, автор на коментарот

Шанса за САД

Во Јужна Кореја со благодарност е прифатена понудата за разговори на Ким, особено затоа што и актуелниот претседател Мун заговара политика, која се ориентира на процесот на повторното германско обединување. Овој адвокат за човекови права кој своевремено побегнал од Северна Кореја се залага токму за тоа: влегување во преговори - без оглед на кој начин, доколку треба и со мали напредоци за спорните теми, како што се животната средина или борбата против заразни болести, или, како што сега е случај, спортот. 

Првиот решавачки чекор е направен, а сега мора да се придвижат двете страни. Би било паметно за силите заштитнички САД и Кина да го поддржат овој срамежлив обид за приближувавање на двете Кореи и што е можно побргу да овозможат одржување на директни разговори меѓу сите страни во конфликтот. Во фазата без ракетни тестови и грди навреди опасноста од пожар би можела да се ублажи релативно бргу.

САД преку разумно посредување би можеле да се презентираат како сериозна и доверлива регулаторна сила во Азија - и така да ја повратат загубената доверба. Долгогодишната политика на санкции, на крајот од краиштата, не вроди со никакви плодови, а воените закани не се вистинска опција. Веројатно ќе бидат потребни уште такви мерки кои влеваат доверба пред да биде возможно одржување на средба на врвот. Но веќе голем успех е и самиот факт дека дипломатско решение повторно изгледа возможно - по сета таа воена реторика во изминатите месеци.

 

DW.COM

Реклама