Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД | Свет | DW | 22.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД

Протестите против партискиот конгрес на деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АФД) во Келн брзо се вжештија. Пред хотелот каде што се одржува конгресот дојде до судир на демонстрантите и полицијата.

Делегатите на АФД денеска можеа да влезат во хотелот каде што се одржува нивниот конгрес само со помош на силна полициска заштита. Околу хотелот во центарот на градот од рано изутрината протестираа стотици демонстранти со разгласи, транспаренти, свирчиња и блокади.

Додека полицијата ги спроведуваше делегатите на АФД до хотелот, постојано имаше туркање на демонстрантите и силите на редот. Двајца полицајци се повредени - едниот со остар шпредмет, а вториот со метална шипка. Засега има информација за едно уапсено лице.

Според левичарскиот сојуз „Солидарност наместо омраза“, кој повика на протести, благодарение на акциите „многу е одолговлечено“ пристигнувањето на делегатите на конгресот. Во блокадите учествуваа околу 3000 луѓе.

На различните демоннтрации во Келн најавени за денеска се очекуваат околу 50.000 луѓе, меѓу нив и припадници на екстремната левица кои се подготвени на насилство.

Deutschland Bundesparteitag der AfD in Köln (Reuters/W. Rattay)

Барањето на Фрауке Петри не беше ставено на гласање

Пораз на Петри

Инаку, на дводневниот конгрес, десните популисти треба да ја изгласаат партиската програма на АФД за наредните парламентарни избори. Дводневната средба е во знакот на огорчен судир во раководството на партијата. Шефицата на АФД, Фрауке Петри, доживеа пораз веднаш на почетокот на конгресот. Делегатите со големо мнозинство одбија да се занимаваат со идните насоки на партијата. Таканареченото „Барање за иднината“ што го поднесе Петри и со кое требаше да биде договорен „реал-политички курс“ на АФД, не беше ставено воопшто на гласање.

Гледај видео 00:58

Илјадници луѓе на протести против АФД

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама