Катастрофални поплави во Германија- најмалку 58 загинати | Информации и анализи за Германија | DW | 15.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Катастрофални поплави во Германија- најмалку 58 загинати

Кризата поради катастрофалните поплави кои зафатија делови од Германија се продлабочува. Армијата помага во најтешко погодените региони, се вршат масовни евакуации, а бројот на жртви постојано расте.

Најмалку 58 лица досега ги загубиле животите откако не успеале да побегнат навреме од катастрофалните поплави кои зафатија делови од западна Германија. Само во градот Келн досега е потврдено дека настрадале 20 луѓе во поплавите. Надојдената вода уништи и делови од Холандија и Белгија.
Во малото градче Шулд во регионот Ајфел, четири куќи биле целосно однесени од водите во текот на ноќта, додека две други биле делумно уништени.
Десетици луѓе се водат како исчезнати, а спасувачките служби успеале да извлечат стотици луѓе кои побарале спас на крововите. Околу 165.000 луѓе во западна Германија се без електрична енергија.

Deutschland Unwetter l Bundeswehr im Einsatz in Aachen

Германската армија со тенкови му помага на локалното население

Покраината Рајнланд Фалц се соочува со невидена катастрофа, изјави премиерката Малу Дрејер пред регионалниот парламент, кој со едноминутен молк им оддаде почит на настраданите. Покраината доживеала бројни поплави низ историјата, рече Дрејер, „но никогаш не сме виделе ваква катастрофа. Ова е уништувачки“. 
Околу 850 војници се испратени во најтешко погодени региони за да помогнат во спасувачките напори. 

Deutschland Unwetter l Bundeswehr im Einsatz, Rettungshubschrauber in Swisttal

Спасување на настрадани во поплавите со хеликоптер


Канцеларката Ангела Меркел од Вашингтон, каде што е на средба со претседателот на САД Џо Бајден, рече дека е шокирана од размерите на катастрофата која погоди „толку многу луѓе“. 
„Моето сочуство за семејствата на загинатите и исчезнатите“. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети помош за земјите погодени од поплавите. Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочуство до семејствата на жртвите. 

Неколку општини се отсечени од надворешниот свет, а мобилната мрежа е нефункционална во неколку региони. 

Deutschland l Unwetter in Nordrhein-Westfalen l Schäden in Bad Münstereifel

Последици од поплавите во Бад Минстерајфел во близина на Бон


Во неколку градови во долината Рур, локалните власти им препорачаа на граѓаните да ја превриваат водата за пиење затоа што поплавите ја оштетиле прочистителната станица. 

Добри вести пристигнуваат од метеоролозите кои велат дека најлошото минало и дека големите врнежи на дожд, кои претходно траеја со денови, престануваат. 


Погледнете го и ова видео од погодените региони (на англиски јазик) 

DW.COM